Ана Делви, која лажеше дека е милионерка и измами многу луѓе, се огласи од затвор
- Детали
- четврток, 26 март 2020
„Премногу сум убава за да лежам во затвор“, порача Ана, која долго време се претставуваше како германска аристократка и живееше луксузно со измами и туѓи пари.
Ана Делви стана хит во светските медиуми како измамничка која на сите им се претставувала како аристократка и милионерка и на тој начин проневерила стотици илјади долари од банки, хотели и пријатели.
Делви, чие вистинско име е Ана Сорокин, во мај 2019 година беше осудена на минимум 4 години, а максимум 12 години затвор. Колку време ќе отслужи зависи од нејзиното однесување зад решетки.
Но, и покрај тоа што не смее да има пристап до телефон во затвор, на нејзиниот Инстаграм профил осамна илустрација на која пишува: „Премногу сум убава за да лежам во затвор.“
Иако Ана излажа многу луѓе, некои од кои ја сметаа и за своја многу блиска пријателка, за да го финансира својот луксузен стил на живот, таа сепак има армија фанови.
Откако ја објави илустрацијата на Инстаграм, под неа еден нејзин фан веднаш пиша: „Нашата кралица се врати“, а друг „Икона никогаш не избледува“.
Таа е една од најпознатите измамнички на светот и изгледа не е заборавена.
Потсетете се на детали од нејзиното судење и на сторените злодела!
С. С. | Црнобело