Три генерации во време на корона: дедо го запознава новородениот внук преку прозор (фото)
- Детали
- вторник, 24 март 2020
Неговиот внук се родил за време на пандемијата на корона вирус, па дедото нема среќа да го допре и прегрне бебето.
„Три генерации социјално дистанцирање. Татко ми го гледа својот внук за првпат преку прозор“ – напишала на Твитер Ема Бетгол, сестра на гордиот татко Мајкл Галаквај.
На сликата се Мајкл, неговиот татко и синот Фејлон.
Three generations of social distancing as my dad meets his grandson for the first time 😭😭😭 pic.twitter.com/uyHHgBBXxb
— Emma 🇵🇸 (@emmabethgall) March 21, 2020
Автор на фотографијата направена во Ирска е медицинска сестра која живее во близина на семејството на Мајкл, а која по доаѓањето на бебето дома им помогнала на родителите да ја стерилизираат облеката која ја носеле во болницата.
Е. П. | Црнобело