Хуманост на дело – Роналдо ги претвора неговите хотели во привремени болници за пациенти со корона вирус
- Детали
- недела, 15 март 2020
Кристијано Роналдо уште еднаш ја покажа својата хуманост со тоа што одлучи сите негови хотели во Португалија да ги претвори во привремени болници каде ќе се лечат пациентите со корона вирус.
Со оглед на тоа што вирусот зема замав низ целиот свет, а капацитетите не се доволни, фудбалерот реши да ѝ помогне на својата земја.
Тој поседува хотел со 4 ѕвезди на неговиот роден остров Мадеира и еден хотел во Лисабон, а освен тоа што одлучи да ги претвори во привремени болници, фудбалерот исто така лично ќе ги покрие трошоците и платите за докторите и медицинските сестри кои ќе работат таму, наведува Daily Mail.
Инаку, минатата недела, Роналдо беше во домашен карантин заради неговиот соиграч Ругани, кој беше позитивен на корона вирус.
Моментално Кристијано е во целосна изолација во Мадеира за да може да биде близу неговата мајка, а властите на Мадеира потврдија дека Роналдо не е заразен од вирусот.
Тој е во онлајн контакт со клубот и тренира сам во неговата домашна теретана во Мадеира.
М. М. | Црнобело