Зошто Британците не сакаат принцот Чарлс да биде следниот крал?
- Детали
- сабота, 07 март 2020
Ако се прашува јавноста, на тронот би требало да застане принцот Вилијам, наместо Чарлс.
Зошто?
1. Јавноста не го почитува
Принцот Чарлс најдолго чека да стане крал, но тоа никако не му даде време да стане омилен и почитуван од луѓето во Велика Британија. Главно, популарноста ја добиваше преку принцезата Дијана.
2. Вилијам и Кејт го засенија
Парот со нивните 3 дечиња се далеку поголеми фаворити.
3. Не сакаат Камила да биде кралица
Само 20% од Британците мислат дека Камила треба да биде кралица. Остатокот од народот не е воодушевен од идејата.
4. Не сакаат мрзелив крал
Ако ги прочитате најпродаваните книги за кралското семејство, ќе забележите дека Чарлс не е миленик ниту на биографите.
На пример, Том Бауер, го опишува Чарлс како мрзоволен човек кој не го интересираат последиците од неговите дела.
5. Ретко кој мисли дека добро ќе ја извршува функцијата
Повеќето луѓе во Велика Британија сметаат дека Чарлс не е „дораснат“ да се носи со функцијата.
6. Народот го смета за студен и сноб
Принцот Чарлс едноставно нема шарм, како што на пример имала принцезата Дијана. Многумина го гледаат како сноб кој не се поврзува емотивно.
7. Не му е грижа за животните
Иако би требало да се грижи за сериозните прашања како чиста околина, климатски промени и грижа за животните, принцот Чарлс го прави спротивното – оди на лов поради забава.
8. Никој не пишува за неговите добри дела
Додека британските таблоиди секојдневно пишуваат за пикантерии, скандали и трачеви од кралското семејство, некако како Чарлс да го игнорираат. Никој никогаш не напишал нешто за него, посебно не за добрите дела.
М. Д. | Црнобело