Снежна бура замрзна цела населба во Њујорк - „Изгледа интересно, но е кошмар за живеење“ (фото)
- Детали
- четврток, 05 март 2020
Луѓето кои живеат на Источниот брег крај езерото Ири во Њујорк ги снајде вистинска незгода.
Поради силните ветришта и големите бранови од езерото, куќите на брегот се целосно покриени со мраз.
Според еден од жителите, целото соседство изгледало нереално.
„Темно е внатре во мојата куќа. Може да биде малку морничаво, малку застрашувачко.“
Според метеорологот Елис Смит, мразот настанал поради езерската вода, силните ветришта и ниските температури. Имало предупредувања за бурата уште на 27 и 28 февруари, а кога започнала, траела два дена, со прекини.
Наводно, домовите во оваа област секоја година се соочувале со малку мраз, но овојпат мразот е поекстремен од сè што виделе досега.
Фотографиите од замрзнатата населба веќе се „хит“, а местото станало и туристичка атракција. Сепак, полицијата ги предупредува љубопитните туристи да се држат понастрана од областа, поради нивната безбедност.
„Не само што мразот е екстремно нестабилен и опасен, туку поголемиот дел е на приватни имоти“, изјавиле од полицијата, а оние кои ќе ја нарушат приватноста на жителите, можат да си заработат и казна.
Локалните жители, пак, се загрижени за штетата што може да ја предизвика мразот кога ќе почне да се топи.
Проблемот е што изминатава година жителите преживеале неколку временски непогоди, поради што нивните домови веќе претрпеле штета.
Погледнете како изгледа замрзнатата област: