Жртва на булинг: 13 годишниот Калум исмеван од соучениците за неговата љубов кон книгите
- Детали
- среда, 04 март 2020
13 годишниот Калум Манинг неодамна започнал да оди во ново училиште во Обединетото Кралство. Наместо топло добредојде, тој морал да помине низ незаслужено исмејување од соучениците.
Кога децата од училиштето дознале дека Калум има Инстаграм профил каде објавува и пишува за книгите кои му се допаднале и ги сака, тие почнале групен чат каде јавно го исмевале.
Неговата постара сестра Елис Ландрет била згрозена од оваа постапка и споделила на Твитер дека не може да поверува колку децата можат да бидат сурови.
Can’t believe how awful kids are. My little brothers made an Instagram reviewing and talking about books and kids in his new school have seen it and have created a group chat calling him a creep slagging him off about it and added him to it so he could see 🥺 pic.twitter.com/wuuj2XlO34
— Ellis (@EllisLandreth1) February 29, 2020
И потоа, се случило нешто прекрасно. Нејзиниот пост станува вирален и наидува на голема поддршка од многу луѓе и познати автори на книги меѓу кои омилената писателка на Калум – Каролин Кепнес. Таа дури и се понудила да му испрати од нејзините книги за тој да ги оцени.
Пред да се случи сето ова, Калум имал 4000 следбеници на Инстаграм – во моментов има 344.000!
Мајката на Калум, Карла Ландрет, изјавила дека нејзиниот син бил навистина разочаран и потиштен кога ја видел групната порака во која го нарекувале „тажен чудак“. Соучениците го блокирале, да не може да одговори на пораките, само да ги чита.
Реакцијата на социјалните мрежи направила Калум да се чувствува значително подобро и испраќа силна порака против булинг врз децата – „кој последен се смее, најслатко се смее“.
„На успешен начин го сменивме и претворивме негативното искуство во позитивно.“
„Каков чудак треба да си за да направиш групен чат и да исмеваш некој кој ги сака книгите. Драго ми е што на крајот резултатот е прекрасен и неверојатен“ - е само еден од коментарите за поддршка.
Е. П. | Црнобело