Турнеја со холограм од Витни Хјустон, 8 години по нејзината смрт – би отишле ли на ваков концерт?
- Детали
- среда, 26 февруари 2020
Смртта на 48-годишната Витни Хјустон во 2012-та го потресе целиот свет. Но денес, 8 години по трагичниот настан, нејзините фанови можат да уживаат на концерт со нејзин холограм.
Холограмот на Витни веќе ја започна турнејата насловена „An Evening With Whitney“ и се очекува да „настапи“ низ Велика Британија и Европа, а подоцна и Америка.
Она што ќе го гледаат фановите на сцената е всушност дигитална рекреација на Витни направена со помош на двојник, компјутерска анимација и стотици часови снимки од настапи на пејачката.
Холограмот ќе биде проектиран на сцената, а во заднина ќе има вистински бенд и професионални танчари.
Минатата година, компанијата BASE Hologram соопшти дека направиле холограм од пејачката, па дури и ја најавија турнејата. Кратко пред концертот, тие споделија и видео.
https://twitter.com/BASEHologram/status/1232064240451649537
Првиот настап беше во Англија, и сега се очекуваат концерти во Шкотска, Ирска, Холандија, Белгија, Швајцарија, Германија… Наесен ќе има концерти и во Северна Америка.
Синоќа, холограмот „настапи“ во Шефилд, пред публика од 1.800 фанови кои со задоволство платиле од 30 до 65 фунти за целото искуство. А, според твитовите, речиси никој од присутните не останал разочаран.
https://twitter.com/AllAboutWhitney/status/1230152210341744640
https://twitter.com/JacksLantern19/status/1232385950745026561
https://twitter.com/lewistyree91/status/1232426835658575873
Но, некои сметаат дека нема потреба од сето ова. Витни сепак веќе не е жива и нема потреба вештачки да ја „оживуваме“ за да го покажеме наследството што го остави.
Некој дури и изјавил дека станало навистина чудно кога публиката почнала да му ракоплеска на холограмот за „одлично отпеаната песна“.
https://twitter.com/nikkidibben/status/1232439683482673153
https://twitter.com/Candypooh/status/1232487036403081216
Би отишле ли на ваков концерт, или сметате дека ова е бизарно, а аудио и видео снимките се сосема доволно за да се присетите на големата ѕвезда?
Спирова С. | Црнобело