„Ми го украде срцето и знаев дека е вистинската“ – Снимка од 2001 на која Коби зборува за Ванеса (видео)
- Детали
- среда, 26 февруари 2020
Светот уште жали за трагичната смрт на Коби и неговата ќерка, а на социјалните мрежи се појави стара снимка од кошаркарската легенда, во која отворено ги искажува чувствата кон Ванеса.
На видеото направено во далечната 2001-ва, Коби кажува навистина убави нешта за сопругата Ванеса Брајант.
Снимката е направена за MTV News и на прашањето „Што ја прави Ванеса вистинската личност за тебе?“ Коби одговара:
„Знаете, тешко е да одредите што точно ја прави една личност вистинската за вас, но едноставно го знаете тоа. Љубовта е смешно нешто. Не можам да ја објаснам и не ја разбирам, но она што го знам е дека таа го украде моето срце. И, едноставно знаев дека таа е вистинската.“
Потоа Коби додава дека Ванеса е многу силна жена со силна волја.
Кога го прашаа што мисли за нивната заедничка иднина, кошаркарот изјави:
„Во иднината нè гледам како многу кул родители. Млади родители, полни со енергија. Таа има еден тон енергија, и јас имам еден тон енергија.“
Today, we remember Kobe and Gianna Bryant. As we honor them, we're looking back to 2001 when Kobe spoke to @MTVNews about his love for his wife Vanessa. 💜 #KobeFarewell pic.twitter.com/rYpXhNzhbL
— MTV (@MTV) February 24, 2020
Коби и Ванеса се венчаа во 2001-ва и заедно имаа 4 деца. За жал, 13-годишната Џиана, една од ќерките на парот загина со татко ѝ во хеликоптерската несреќа.
На комеморацијата за Коби и Џиана, Ванеса истапи на сцената и им одаде почит на изгубените сакани.
Сопругата на Коби низ солзи кажуваше како кошаркарот ги забавувал ќерките додека ги подготвувал за спиење и дека можел да ја заспие Капри за само неколку минути.
На сцената се качи и колегата на Коби, Мајкл Џордан, а Бијонсе и Кристина Агилера му одадоа почит на кошаркарот со емотивни настапи.
Кошаркарот имаше 41 година кога се случи несреќата.
Спирова С. | Црнобело