Мајкл Џордан плачеше: „Кога загина Коби, умре и дел од мене... Сега ќе станам МЕМЕ што плаче“...

На комеморацијата за Коби и Џиана Брајант, со солзи во очите одржа поздравен говор и Мајкл Џордан. Тој зборуваше за нивниот пријателски однос, и покрај тоа што сите ги сметале за ривали.

majkl-jordan-placese-koga-zagina-kobi-umre-i-del-od-mene-sega-ke-stanam-meme-sto-place-01.jpg

Мајкл Џордан со солзи во очите се потсетуваше на најубавите моменти со неговиот колега, кој го нарекува помлад брат.

„Сите знаете дека јас на него гледав како на помал брат. Сите сакаа да нe споредуваат. Јас сакав само да зборувам за Коби. Сите ние имаме помали браќа и сестри кои понекогаш стануваат здодевни. Но, тоа прераснува во љубов бидејќи тие се угледуваат на вас.

Почна постојано да ми се јавува, дури и во 3 часот наутро, за потези и шутеви. Прво ме нервираше. Но, ова дете ја имаше пасијата. Тој сакаше да биде најдобриот кошаркар. А, јас, сакав да му бидам најдобриот поголем брат. Морав да трпам многу работи, телефонски повици и глупави прашања. Но, тој само сакаше да биде подобра личност“.

Мајкл не ги маскираше своите емоции, зборуваше отворено за Коби и допре до многу срца со неговиот говор.

„Кога тој загина, умре и дел од мене“. - рече Џордан, уште еднаш нарекувајќи го Коби свој помал брат, а од публиката доби овации.

„Заради него сега ќе прераснам во уште едно меме како плачам“ – рече Џордан и успеа да ја насмее публиката, потсетувајќи се на неславното меме за него „Џордан плаче“, кое вирално се ширеше уште во 2009-та.

majkl-jordan-placese-koga-zagina-kobi-umre-i-del-od-mene-sega-ke-stanam-meme-sto-place-002.jpg

Целиот говор на Мајкл Џордан:

https://www.youtube.com/watch?v=PoyhZz4vMOw

Не го пропуштајте и емотивниот говор на Ванеса Брајант.

Е. П. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

„Јас сум богата татина ќерка - ништо не работам, татко ми ми плаќа сè“ Девојка од Сингапур постојано се фали со екстравагантниот животен стил, благодар...
Мајка си го „киднапирала“ бебето за да докаже дека таткото е неодговорен - Го подели мислењето на ја... „Зедов слободен ден од работа, излегов од дома како вообичаено, почекав половина...
„За малку можел да се спаси“ – Што знаеме за трагичната смрт на британскиот доктор во Грција? Британскиот доктор и водител Мајкл Мозли беше пронајден мртов на малиот грчки ос...
„Јас и сопругот сме нудисти – луѓето мислат дека организираме развратни забави, но тоа не е точно“ Неколку нудисти, вклучувајќи и брачен пар, откриваат кои митови за нивниот начин...
Ослабел 108kg, па пак се здебелил, невестата е 1.300 пати посиромашна од него - Факти за индискиот п... Младоженецот ги оставил сите со подзината уста кога ослабел 108 килограми во 18 ...
Исповед на скијач кој 23 часа бил затрупан под лавина и преживеал: „Не сум верник, но таа вечер се м... „Знаев дека не смеам да се предадам. Дека не смеам да заспијам, затоа што тоа ќе...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg