Филип Плајн си го стави името на колекцијата во чест на Коби – фановите го критикуваат
- Детали
- понеделник, 24 февруари 2020
Викендов на модната недела во Милано, дизајнерот Филип Плајн во неговата ревија вклучи и неколку креации во чест на Коби Брајант.
Но, јавноста не е воопшто задоволна од овој гест.
Дресовите што ги дизајнирал Филип, кои се украсени со Swarovski кристали и го имаат бројот на дресот на Коби (24), беа нарекувани „невкусни“.
Многумина сметаат дека дизајнерот само ја злоупотребил трагедијата за да ја продаде својата колекција, а најмногу ги разгневи тоа што на дресовите го има неговото име.
Друго нешто што им го привлече вниманието на сите се двата златни хеликоптери кои беа искористени на ревијата, само 27 дена по хеликоптерската несреќа во која загина Коби.
Дизајнерот сè уште нема одговорено на критиките, но на Instagram објави дека парите од колекцијата ќе одат кај спортската фондација Mamba and Mambacita.
Веднаш после ревијата, на интернет се огласија незадоволните твитерџии:
„Филип Плајн направи два златни хеликоптери за денешната ревија, 27 дена откако Коби загина во хеликоптерска несреќа. Но не грижете се, направил и неколку Swarovski Коби дресови (со натпис Plein на нив??), па нема проблем“, напишал еден гневен твитерџија.
https://twitter.com/BlissFoster/status/1231412504615694336?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1231412504615694336&ref_url=https%3A%2F%2Fhypebeast.com%2F2020%2F2%2Fphilipp-plein-fw20-kobe-bryant-tribute-criticism-milan-fashion-week
#PhilippPlein stays making T R A S H. I’m not ok with this...at all. pic.twitter.com/ChmsUGFaT4
— L. BOOGIE (@notyoursnvrwas) February 23, 2020
https://twitter.com/Valeri3Michaels/status/1231471140406730755?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1231471140406730755&ref_url=https%3A%2F%2Fhypebeast.com%2F2020%2F2%2Fphilipp-plein-fw20-kobe-bryant-tribute-criticism-milan-fashion-week
Спирова С. | Црнобело