Хоакин Феникс спаси крава и новородено теле од кланица (видео)
- Детали
- петок, 21 февруари 2020
Ден по неговиот Оскаровски говор, Хоакин Феникс им помогнал на една крава и теле да не завршат во „нечиј оброк“.
Актерот, кој е веган и борец за правата на животните, ја посетил кланицата Manning Beef во Калифорнија и разговарал со директорот Антони Ди Мариа.
45 годишниот Феникс вели дека разговарале за целата индустрија и за начинот како се третираат животните.
По разговорот, актерот бил забележам како си заминува со крава и нејзиното мало новородено теленце.
Тој изјавил дека е навистина благодарен што запознал нов пријател, без чија дозвола, Либерти (кравата) и Индиго (телето) би имале навистина страшна судбина.
Хоакин Феникс ќе се погрижи овие животни да си го продолжат животот во слобода, каде што им е местото – на фарма.
Е. П. | Црнобело