Кралицата им забрани на Меган и Хари да го користат „Sussex Royal“ – титулата веќе не им припаѓа по Мегзит
- Детали
- среда, 19 февруари 2020
Откако се откажаа од кралските должности и се повлекоа настрана од семејството, кралицата Елизабета бара Меган и Хари да не го користат „Sussex Royal“ во нивниот брендинг.
Како војвода и војвотка од Сасекс, тие го поседуваа веб-сајтот и Инстаграм профилот под името „Sussex Royal“, а во план им беше да го претворат во трговска марка и да биде дел од многу предмети и активности, како облека, книги и материјал за учење, но и хуманитарна организација.
Но, според DailyMail, по долги и комплексни дискусии помеѓу кралицата и останатите високи членови на кралското семејство, се согласиле дека парот веќе не треба да го користи зборат „royal“ во нивниот брендинг, бидејќи тие веќе не се вклучени во кралски должности.
Очигледно е дека парот ќе мора да ги прифати барањата и да направи ребрендирање за да продолжат со нивната работа, а сигурно биле свесни дека откако ќе се повлечат од кралските должности и ќе се одвојат од семејството, нема да може да остане сѐ исто, со оглед на тоа што самите ја побараа таа независност.
https://www.instagram.com/p/B7EaGS_Jpb9/
Меган и Хари ги изгубија титулите „негово/нејзино кралско височество“, а сега не смеат и да го користат називот „кралски“.
Тие сега заедно со нивниот син Арчи живеат во Канада, а пред неколку дена беа забележани како слетуваат на аеродром со комерцијален лет, на враќање од бизнис патување во САД.
М. М. | Црнобело