Семејство во кое децата имаат мали куќички наместо своја соба (фото)

Нема ништо подобро од моментот кога ќе си дојдете дома после напорен ден на работа.

semejstvo-vo-koe-site-imaat-mala-kukjichka-namesto-soba-01.jpg

Уште подобро е ако имате соба што е само ваша, каде што ќе можете да одморите на раат.

Нo како би изгледало наместо соба, секој од семејството да има по една мала куќичка?

Семејството Бринкс го направило токму тоа.

Ова семејство има 6 куќи, сите со големина од околу 14 метри квадратни. Целта на оваа идеја им била сите да имаат повеќе приватност и простор само за себе.

semejstvo-vo-koe-site-imaat-mala-kukjichka-namesto-soba-02.jpg

Сè започнало пред 5 години, кога семејството купило имот во Кентаки. Најпрво, таткото сакал сите да живеат во една голема куќа, но мајката инсистирала да имаат посебни куќички.

Покрај тоа, сфатиле дека на овој начин трошат многу помалку за греење и струја, па идејата им се чинела совршена.

semejstvo-vo-koe-site-imaat-mala-kukjichka-namesto-soba-03.jpg

4-членото семејство има 6 куќички – една за родителите, две одделни за децата, куќичка со тоалет, куќичка со базен и куќа за гости.

Куќата на родителите чинела околу 9.000 долари и е најголема од сите.

semejstvo-vo-koe-site-imaat-mala-kukjichka-namesto-soba-04.jpg

Дневната соба е навистина удобна и со многу природна светлина, а кујната е добро опремена и има место за сè.

semejstvo-vo-koe-site-imaat-mala-kukjichka-namesto-soba-05.jpg

semejstvo-vo-koe-site-imaat-mala-kukjichka-namesto-soba-06.jpg

Во тоалетот, иако е мал, имаат и када.

semejstvo-vo-koe-site-imaat-mala-kukjichka-namesto-soba-07.jpg

Собите на децата се опремени со голем кревет, кауч и телевизор, а имаат и горен кат како галерија.

semejstvo-vo-koe-site-imaat-mala-kukjichka-namesto-soba-10.jpg

semejstvo-vo-koe-site-imaat-mala-kukjichka-namesto-soba-11.jpg

Една куќичка е направена и како канцеларија, бидејќи родителите работат од дома.

semejstvo-vo-koe-site-imaat-mala-kukjichka-namesto-soba-08.jpg

semejstvo-vo-koe-site-imaat-mala-kukjichka-namesto-soba-09.jpg

semejstvo-vo-koe-site-imaat-mala-kukjichka-namesto-soba-12.jpg

Дали би живееле со ваков распоред во вашето семејство, или повеќе сакате да сте собрани „на купче“?

Извор

Би можело да ве интересира:

„Ја советувам ќерка ми да се омажи богато - подобро да живее на висока нога, отколку да страда за па... „Ќерка ми си го троши времето на кретени со кои разговара онлајн и тие муабети н...
Баба му на Чарлс двапати го победила ракот и живеела до 101 година – Дали болеста е „проклетството“ ... Баба му имала две операции заради рак, а двајца дедовци биле „покосени“ од болес...
„Ги терам синовите од џепарлакот да плаќаат и за сметките – нека се учат од мали“ Дали деца на 6 години треба да размислуваат за сметки и пари? Синовите на оваа А...
Гласини за убиства, силувања и дивеење – Мрачните тајни на најбогатото кралско семејство во светот Еден член на кралското семејство го уби својот слуга среде Лондон, а подоцна се ...
Родители ја изгладнувале ќерката – на 17 години имала 27kg: Случај од Австралија ја згрози јавноста Во Австралија, во процес е судење на родители кои ја изгладнувале нивната ќерка ...
Мајка си го „киднапирала“ бебето за да докаже дека таткото е неодговорен - Го подели мислењето на ја... „Зедов слободен ден од работа, излегов од дома како вообичаено, почекав половина...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg