Ванеса Брајант побарала да им ги испратат сите спомени од фановите
- Детали
- среда, 05 февруари 2020
Сопругата на Коби Брајант, Ванеса Брајант, побарала сите спомени и предмети што ги оставаат навивачи и фановите во центарот „Стејплс“ да бидат испратени до семејството.
„Ќе ги спакуваме сите предмети оставени од фановите – има илјадници маици, писма, топки, разни играчки и полнети животни, и со контејнери ќе ги испратиме на семејството“ – изјавил претседателот на Staples Center, Ли Зајдман.
Вработените во Лос Анџелес арената ќе почнат да ги собираат сите оставени спомени оваа недела вечер, за да направат простор за планираните настани.
Цвеќињата и останатите растенија ќе бидат компостирани и ќе се „расфрлаат“ околу арената.
Доколку пропуштивте, овде погледнете како се збогуваа Лејкерси од нивниот Коби.
Е. П. | Црнобело