Бесмислен тренд: Инстаграмџии го злоупотребуваат #коронавирус за повеќе лајкови

Во последниов период, сите се загрижени за брзото ширење на коронавирусот, а Инстаграмџиите не пропуштија шанса да го искористат ова за да си соберат лајкови.

besmislen-trend-dodeka-lugje-se-borat-za-zhivot-od-koronavirus-instagramdjii-si-sobiraat-lajkovi-01.jpg

Голем број заболени од коронавирус ги загубија животите, други пак, се борат за живот, а трети, ги жртвуваат своите за да им помогнат на заболените. 

https://www.instagram.com/p/B8JIvjrAm1F/

Но, постојат и многу несовесни луѓе кои одлучуваат да ја искористат оваа чувствителна и сериозна тема за свои, односно за Инстаграм цели.

Иако дел од нив навистина сакаат да ја покажат загриженостa и да им посочат на луѓето да бидат внимателни, сепак објавувањето кул фотки со маска и ставање неколку хаштагови не е начин. 

Разголени фотки со маски и добро осмислени пози на убави места со маска на лице – сигурно ли само сакаат да упатат апел или сепак само сакаат да соберат повеќе лајкови?

View this post on Instagram

A post shared by FitnessOskar (@fitnessoskar)

Некои пак, дури се способни и да направат невкусни шеги на сметка на вирусот, само за да стекнат популарност, на бизарен начин.

А, постојат и такви кои ставаат фотки неповрзани со вирусот, но го користат хаштагот #coronavirus за нивната фотка да биде прикажана на што повеќе корисници.

https://www.instagram.com/p/B8JHbNgJr_u/

Очигледно некои луѓе никогаш нема да ги сфатат работите сериозно и сè ќе гледаат низ призмата на Инстаграм - за лајкови и за невкусни шеги... 

https://www.instagram.com/p/B795wp1HxBT/?utm_source=ig_embed

М. М. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Мали девојчиња користат продукти за убавина и против стареење – Нов луд тренд на ТикТок Дерматолозите се сериозно загрижени за децата кои користат производи за нега на ...
ZARA обвинета дека се потсмева на загинатите цивили во Газа поради рекламни фотки со искршени статуи На нова рекламна кампања од ZARA, модели позираат во просторија со искршени стат...
Пепел по улиците и дворовите на Сицилија, откажани летови - Фотки и видеа од ерупцијата на Етна Летово вулканот Етна еруптира неколкупати, а по последната ерупција локалците по...
Прво видео од Кејт Мидлтон откако исчезна - Јавноста верува дека е нејзина двојничка „Објавија и лажно видео од Кејт? Значи никогаш повеќе нема да ја видиме“, е еден...
Одбиле елек за спасување за да не им се уништат фотките, иако не знаеле да пливаат - Две инфлуенсерк... Се качиле во претоварен глисер, пловеле во најопасните води во близина на Сао Па...
Страсно го бакнува и го држи во прегратка – Хит фотки од Макрон со министерката за спорт на Олимпија... „Кога го бакнувам колегата, не го држам така за вратот“ – велат твитерџиите за о...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg