Политичката позадина на настапот на ќерката на Џеј Ло на Super Bowl - што симболизираа децата во кафези?
- Детали
- вторник, 04 февруари 2020
Никој не остана рамнодушен на настапот на Џеј Ло и Шакира за полувремето на Super Bowl.
Многумина, пак, сметаат дека настапот на Џенифер и ќерка ѝ Еме крие и политичка порака.
Кон крајот на шоуто, светлата и музиката во стадионот се намалија, а пред главната бина сe појавија осветлени сфери во форма на кафез. Во секоја од сферите имаше по едно дете.
Помеѓу децата беше и 11-годишната ќерка на Џенифер, Еме, која почна да пее побавна верзија на хитот на Џеј Ло „Let’s Get Loud“.
Зад Еме, пак, стоеја повеќе млади девојчиња со блузони на кои го имаше американското знаме. Девојчињата се држеа за раце, формирајќи еден вид ѕид, и пееја заедно со Еме.
Многу од гледачите се убедени дека децата во осветлените сфери всушност ги претставуваат децата имигранти кои се затворени покрај јужната граница на САД со Мексико.
По некое време, Еме излезе од нејзиниот кафез, а на сцената ѝ се придружи Џенифер. Пејачката се појави со порториканско знаме на едната, и американско знаме на другата страна.
Како што Џеј Ло го покажа знамето на Порторико, Еме пееше делови од песната на Брус Спрингстин „Born in the USA“.
Порторико е протекторат на САД, а Порториканците се државјани на САД.
Настапот им се допадна на речиси сите и Твитер беше преплавен со „толкувања“ на неговата симболика:
„Зошто никој не зборува за важноста на делот кога мало латино-американско девојче пее во кафез, опкружено со други деца во кафез? Таа излезе, се фати за рака со другите девојчиња и сите со гордост ја прифатија нивната култура. Многу беше моќно.“
„Се изненадив колку луѓе не ја сфатија пораката на децата во кафезите кои пееја 'Born in the USA' и 'Let’s Get Loud'. Беше одлично изведено и, за мене, екстремно ефективно.“
Im surprised by how many ppl didn’t catch on to the message of the children in cages singing born in the USA and let’s get loud. It was well done and to me, extremely effective. 👏🏽👏🏽👏🏽 #PepsiHalftime pic.twitter.com/Y2gBtOKKFM
— TATIANNA (@TATIANNANOW) February 3, 2020
Latino kids in cages. Get it Trump? This was a swipe at you. #SuperBowl #HalftimeShow pic.twitter.com/fvdvuT0zLd
— Mike Sington (@MikeSington) February 3, 2020
Shakira & J.Lo made a powerful statement at the #SuperBowl halftime show as they featured a display of children in cages.
— Pop Crave (@PopCrave) February 4, 2020
This is believed to reference the Department of Homeland Security policy of separating kids at the border from their parents & putting them in metal fences. pic.twitter.com/LeAwmD6djz
Спирова С. | Црнобело