Солзи и огромна тага: ЛеБрон Џејмс се збогуваше со Коби (фото + видео)
- Детали
- вторник, 28 јануари 2020
Последниот твит на Коби беше напишан вечерта пред да загине. Тој му честиташе на ЛеБрон кој го помина на вечната листа на стрелци во НБА лигата, земајќи му ја третата позиција.
Џејмс 33.655 поени, Брајант 33.643.
Continuing to move the game forward @KingJames. Much respect my brother 💪🏾 #33644
— Kobe Bryant (@kobebryant) January 26, 2020
ЛеБрон Џејмс во емотивен Инстаграм пост напиша:
„Седам и се обидувам да напишам нешто на постов, но постојано ми доаѓаат солзи и плачам, плачам само штом ќе помислам на тебе, на Џиџи и на нашето пријателство/врска/братство кое го имавме. Разговаравме во неделата, утрото пред да заминам од Филаделфија и да се вратам во Лос Анџелес.
Никогаш во милион години не би помислил дека тоа ќе биде последниот наш разговор. По ѓаволите! Скршен сум, потиштен. Човеку, те сакам! Моето срце е со Ванеса и децата. Ти ветувам дека ќе го продолжам она што го започна.
Ни значиш премногу на сите, особено на Лејкерси, и сега останува да се соберам и да продолжам да го правам она што го правиме! Те молам дај ми сила од рајот и пази на мене. Има толку многу што сакам да кажам, но во моментов не можам. Не можам да си дојдам на себе. Додека се сретнеме повторно брату мој...“
Лејкерси слушнале за смртта на Брајант кога слетале во Лос Анџелес, неделата наутро.
Подолу е снимка од пристигнувањето на ЛеБрон на аеродромот...
Lakers are back home
— SHENWANGYUE 💜💛 (@SHENWANGYUE) January 26, 2020
clip of lebron crying .. 😔 pic.twitter.com/E7myJvH0q8
Е. П. | Црнобело