Уште една катастрофа – Вулканот Таал на Филипините ја покажа својата разорна моќ (фото)

На 12-ти јануари годинава, на Филипините еруптираше вулканот Таал.

ushte-edna-katastrofa-vulkanot-taal-na-filipinite-ja-pokazha-svojata-razorna-mokj-01.jpg

Вулканот е лоциран на островот Лузон и на првиот ден од ерупцијата исфрлал чад на растојание од дури 100 километри. На 13-ти јануари, ерупцијата станала уште посилна и од главниот кратер почнала да излегува лава.

На само 99 километри од вулканот се наоѓа главниот град Манила, кој е засенет од чадот.

Поради ерупцијата, авионските летови се откажани, училиштата и јавните институции се затворени и илјадници луѓе се евакуирани од областа околу вулканот.

ushte-edna-katastrofa-vulkanot-taal-na-filipinite-ja-pokazha-svojata-razorna-mokj-02.jpg

Според полицијата, евакуирани се над 13.000 луѓе, но се очекува нивниот број да се зголеми.

За среќа, засега нема загинати, но постои опасност ерупцијата да стане уште поинтензивна. Проблемот е што многу луѓе сè уште се наоѓаат во зоната на опасност, а добро познато е дека првата ерупција не е секогаш најголема.

Некои жители не можат да одат на безбедно бидејќи нема транспорт и видливоста е намалена. Други пак, не сакаат да ги остават нивите домови и фарми.

ushte-edna-katastrofa-vulkanot-taal-na-filipinite-ja-pokazha-svojata-razorna-mokj-04.jpg

Претходните ерупции на вулканот Таал ја имаат покажано неговата разорна моќ. Низ историјата, вулканот е виновен за смрт на илјадници луѓе, а секој експерт смета дека сегашната закана треба да се сфати сериозно.

Таал е еден од најактивните вулкани на Филипините и во изминативе неколку века има еруптирано дузина пати. Некои од овие ерупции се сметаат за најмоќните во историјата на државата.

ushte-edna-katastrofa-vulkanot-taal-na-filipinite-ja-pokazha-svojata-razorna-mokj-03.jpg

Експертите се обидуваат да го предвидат „однесувањето“ на вулканот според претходните ерупции, но Таал е непредвидлив. Според нив, секоја ерупција е различна и ништо не е гарантирано.

Нивото на опасност на вулканот е 4, што укажува на неминовна опасна ерупција. Нивото 5 означува дека ерупцијата е неизбежна и сигурно ќе направи штета на поголема површина.

Разорната моќ на вулканот Таал:

Спирова С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

„Имам салон за гушкање за осамени луѓе – интересот е огромен, доаѓаат и жени жртви на насилство“ „Некои од моите клиенти се луѓе кои имале трауми, луѓе кои имаат страв од емоцио...
„Јас и сопругот сме нудисти – луѓето мислат дека организираме развратни забави, но тоа не е точно“ Неколку нудисти, вклучувајќи и брачен пар, откриваат кои митови за нивниот начин...
Стотици волонтери ги чистат улиците, луѓе фрлаат кал по кралот и кралицата – Шпанија по разорните по... Стотици волонтери излегоа на улиците за да помогнат во расчистувањето на пустошо...
Ледениот човек Вим Хоф се соочува со тужби: „Ќерка ми умре бидејќи го проба неговиот метод - влегува... Терапијата со студена вода на Вим Хоф, познат и како Ледениот човек стана мошне ...
Девојка од Мексико стана првиот адвокат со Даунов синдром: „Сакам да ги бранам луѓето како мене“ Ана од Мексико стана првиот адвокат во светот со Даунов синдром. Дипломирала во ...
Откорнати покриви, милиони луѓе без струја - Застрашувачки видеа од ураганот Милтон во Флорида Петти пат годинава, САД се соочува со ураган. Милтон ја погоди Флорида која пред...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg