Најдарежливиот шеф на годината - Одвоил 10 милиони долари за бонуси за вработените
- Детали
- четврток, 12 декември 2019
Шефот на една фирма за недвижнини во Балтимор им приредил вистинско празнично изненадување на своите вработени.
Вработените во St. John Properties добиле новогодишен бонус што изнесува околу 50.000 долари.
Основачот и директор на компанијата, Едвард Џон, чија фирма вреди над 3,5 милијарди долари, одвоил 10 милиони долари за новогодишните бонуси на вработените.
Едвард изјавил дека можел да го направи ова бидејќи постигнале голема цел годинава и изградиле канцеларии и простор за складирање низ 8 држави во САД. Едноставно, тој сакал да им се заблагодари на неговите колеги за напорната работа во текот на годините.
Директорот вели дека за целта што ја поставиле, мислеле дека ќе им бидат потребни 40 години, но тие ја постигнале за само 14.
Во едно интервју, Едвард изјавил:
„Играм Монопол со вистински пари и вистински градби. Не работам. Играм Монопол и затоа сè уште сум овде.“
Откако ги споделил новостите за бонусите, Едвард изјавил:
„Сакав да прославам и да го направам моментот значаен за луѓето што ми помогнаа. Јас го управувам бродот, но тој плови поради нив. Без нив ние сме ништо, апсолутно ништо. За да прославам, сакав да ги наградам вработените така што ќе имам значајно влијание врз нивните животи. Благодарен сум им на сите, за нивната напорна работа и посветеност. Не можев да се сетам на подобар начин да ја покажам благодарноста.“
Интересно е што вработените не знаеле дека ќе бидат наградени ако ја постигнат поставената цел.
Реакциите на сите биле само позитивни, а дел од вработените изјавиле дека сакале да заплачат од среќа.
Едвард Џон е дефинитивно шефот што би го посакал секој.
Спирова С. | Црнобело