Македонија е 15-та најмизерна земја во светот – кој е на првото место?
- Детали
- петок, 13 декември 2019
Артур Окун е авторот на т.н. „индекс на мизерија“, особено популарен за време на мандатите на Роналд Реган и Џими Картер, пренесува Економик Тајмс.
Ова е наједноставното објаснување: „Индексот на мизеријата“ ја мери невработеноста и растот на инфлацијата. Колку бројката е поголема, толку земјата е помизерна.
Во конкретна смисла, Индексот користи четири клучни економски варијабли за да ги рангира земјите на „скалата на мизерност“:
- инфлацијата,
- стапката на заеми,
- стапка на невработеност и
- растот на бруто домашниот производ (БДП) по жител.
За да се пресмета „индексот на мизеријата“ се користи едноставна формула: БДП по жител се одзема од збирот на невработеност, инфлацијата и стапката на позајмувања.
Венецуела е на првото место на списокот, прогласена за најмизерна земја во светот, а Македонија се најде на 15-тото место. Од регионот нè претрка само Босна и Херцеговина која го зазеде осмото место на списокот.