Стакло на маса од IKEA се скрши „само од себе“ - Мајка шокирана споделува снимки од камерата во собата на бебето
- Детали
- четврток, 28 ноември 2019
30-годишната Хана Сванкот од Англија била шокирана кога стаклото на нејзината маса од Ikea се скршило без никаква причина.
Хана само што ја заспала нејзината 6-месечна ќерка и отишла на долниот кат од куќата во кујната. Во тој момент слушнала нешто на бебе мониторот што ѝ звучело како експлозија.
Загрижената мајка веднаш истрчала горе и открила дека звукот бил од кршењето на стаклото на нејзината тоалетна маса од IKEA, за која платила 85 фунти. Звукот од пукањето на стаклото бил толку силен, штобебе мониторот го регистрирал од долниот кат.
Хана вели дека на подот имало толку многу срчи, што на почетокот мислела дека се скршил прозорецот.
Загрижената мајка вели дека ја споделува оваа приказна за да ги предупреди другите купувачи во IKEA.
„Ако ќерка ми беше таму во моментот, сега сигурно ќе бевме во болница.“
Хана споделила и снимка од безбедносната камера за нејзиното бебе, на кое се гледа како нејзиното малечко се буди од звукот од „експлозијата“.
Благодарение на овој настан, Хана открила дека од продавницата и претходно имале проблеми со нивните маси. Всушност, изминативе неколку години, многу купувачи се имаат пожалено дека стаклото од масите на Ikea се кршело без предупредување.
Во врска со непријатниот случај, се огласиле и од IKEA:
„Безбедноста на нашите продукти е секогаш најголем приоритет и сите наши производи се тестираат според сите глобални и национални стандарди. Стаклото е убав, но кршлив материјал, а токму поради ова секогаш употребуваме калено стакло.
Со текот на времето, малите удари и пукнатини можат да влијаат врз издржливоста на каленото стакло и тоа може да се скрши. Оваа маса има калено стакло кое е дизајнирано на тој начин што кога ќе се скрши, ризикот од повреда е најмал.
Јасно ни е дека ова искуство може да биде вознемирувачко и сме во контакт со купувачот за дополнително да ја истражиме ситуацијата.“
Спирова С. | Црнобело