Продолжува експанзијата на IQOS на пазарот во САД
- Детали
- среда, 06 ноември 2019
IQOS уредот со несогорлив тутун кој по две години чекање на одобрение од надлежните власти, минатиот месец почна да се продава и на американскиот пазар, за почеток во Атланта, од овој месец е достапен и во Ричмонд.
Со ова се потврдуват очекувањата на компанијата Алтриа, со која Филип Морис Интернешнел (ФМИ) склучи ексклузивен договор за лансирање IQOS на американскиот пазар, за брза експанзија на продажбата на уредот на американскиот пазар.
Експанзијата кон Ричмонд доаѓа откако Алтрија за прв пат го претстави производот во САД со отворање на првата продавница во Атланта на почетокот на минатиот месец, а во текот на октомври уредот почна да се продава во околу 500 продавници на тутун во главниот град на сојузната држава Џорџија. Освен во специјализираната продавница во Ричмонд, IQOS ќе може да се најде и во околу 150 продавници во регионот Ричмонд и истиот ќе се продава само на оние со или над 21 година кои потврдуваат дека се пушачи. Од Алтриа сметаат дека уредот со несогорлив тутун може да биде вистинско решение за околу 40 милиони возрасни пушачи во САД кои бараат алтернатива за класичните цигари.
IQOS е единствен производ кој има овластување за продажба добиено од Управата за храна и лекови на САД (ФДА) која истото го издаде во април оваа година. Управата по ригорозниот научен преглед утврди дека овластувањето за овие производи за продажба на пазарот во САД е соодветно со заложбите за заштита на јавното здравје, доколку се спроведе според пропишаните маркентишки насоки.
Притоа, Управата ги зеде предвид ризиците и придобивките на населението како целина, вклучително и на корисниците, но и на оние кои не користат производи од тутун. Евалуацијата на Управата се однесуваше на преглед на компонентите, состојките, адитивите и здравствените ризици на тутунскиот производ, како и за тоа како производот се произведува, пакува и етикетира.
Проценка на ФДА за апликацијата на компанијата, рецензираната објавена литература и други извори, утврдила дека аеросолот произведен од системот за греење на тутун IQOS содржи помалку токсични состојки споредено со чадот од цигарите, а многу од идентификуваните токсини се присутни на пониско ниво отколку кај цигарите. Достапните податоци исто така индицираа дека е мала веројатноста непушачите да започнат со употреба на IQOS, вклучително и младите.
„Лансирањето на IQOS во САД е резултат на нашата заложба за иновации и научно истражување, а доказ дека резултатот е успешен и дека сме на прав пат е фактот што ниту еден друг алтернативен тутунски производ не е овластен за продажба во САД од страна на Управата за храна и лекови на САД. Возрасните пушачи заслужуваат пристап до иновативни алтернативи на цигарите, а производите без чад можат да имаат клучна улога кај возрасните пушачи, кои инаку би продолжиле да пушат, да се префрлат на алтернативи без чад. IQOS веќе има 12 милиони корисници на глобално ниво, а околу 8,8 милиони пушачи во светот од 51 земји каде тој се продава веќе се префрлија на производот“, вели Михаел Солтер, генерален директор на Филип Морис Тутунски Комбинат Прилеп.
Во изминатиот период забележлива е тенденцијата кај различни индустрии да реагираат на загриженоста на владите за здравјето на луѓето и планетата преку прилагодување на нивните производи. Производителите на моторни возила почнаа со производство на возила кои работат струја или гас наместо на фосилни горива. Производителите на пијалоци храна го намалуваат нивото на шеќер и маснотии во нивните состојки, а се намалува и потрошувачката на пластика. Од Филип Морис на ова одговорија со вложување во иновации и развој на алтернативни производи без чад.
Пушењето е глобален здравствен проблем. Во светот има околу 1,1 милијарди пушачи ширум светот. Во последните децении, се спроведуваа најразлични стратегии за контрола на тутунот. Владите и регулаторите ги промовираа регулативите за забрана на пушење, преку ограничување на рекламирање и промовирање на производи од тутун, издавање предупредувања на пакувањата и наметнување забрани за пушење на јавни места. И покрај сето ова, Светската здравствена организација предвидува дека во 2025 година сепак ќе има повеќе од една милијарда луѓе кои пушат .
Од 2008 година, Филип Морис инвестираше над 6 милијарди долари и собра тим од повеќе од 400 научници и инженери од светска класа, кои работат на развивање на алтернативи за традиционалните цигари.