Баба од Англија на 108-иот роденден откри дека шампањот е тајната за долг живот
- Детали
- среда, 30 октомври 2019
Дороти Флауерс пред неколку дена го прослави 108-иот роденден, а шампањот го смета за главен „виновник“ кога станува збор за долговечноста.
Љубителите на шампањ со задоволство ќе го прифатат трикот на оваа бабичка од Англија која годинава ја достигна 108-мата година од животот.
Дороти е родена на 22 октомври 1911-та година во Англија, била во брак со нејзиниот сакан 40 години, додека тој не починал. Никогаш немале деца, но Дороти е блиска со нејзината внука.
Таа живее во дом за нега на стари лица и персоналот сакал да ја изненади со роденденски картички во бројот на нејзините години, но и самите се изненадиле кога пристигнале дури 654 честитки од целиот свет. За нејзиниот 100-ти роденден пак, таа добила роденденска картичка и од кралицата Елизабета.
„Дороти обожава друштво, па секој ден седи со нас на рецепција. Толку е редовна, што дури има и своја фиока каде ѝ чуваме чоколатца. Нејзината тајна за долг живот мора да е шампањот. Тоа е единственото нешто на што сме сведоци дека го пие до крај. Наздравуваме за нејзиниот роденден!“ – изјавила менаџерот на домот.
Оваа баба навистина знае како да го живее животот и да ужива во него, а треба да биде пример за сите кои наоѓаат изговори за сè!
M. M. | Црнобело