Зошто илјадници луѓе низ светот протестираат со голи фотки на Инстаграм?
- Детали
- среда, 30 октомври 2019
Под хаштагот #EveryBODYVisible на Инстаграм се означени илјадници голи фотки од луѓе кои протестираат против полисата на социјалната мрежа за спречување на голотија и блокирање на профили кои објавуваат таква содржина.
Илјадници активисти ширум светот го започнаа протестот против цензурата на социјалните мрежи, а во онлајн кампањата се вклучени танчарки, стриптизети, сексуални работнички, фотографи, модели, уметници, вежбачи на јога, фитнес атлети и слични групи на луѓе со објаснување дека не можат да се изразат себеси преку фотографии, бидејќи се соочуваат со забрани, бришење и блокирање на профили.
Заедницата EveryBODYVisible бара повеќе транспарентност од социјалните мрежи, а на нивниот официјален сајт илјадници луѓе ширум светот можат да ја раскажат својата приказна доколку се соочиле со неоправдана цензура, бришење на профил, блокирање на хаштагови и слично заради содржина со голотија (дури и кога нема голи интимни делови, туку носат бикини), на која наводно тие промовираат посебна уметност.
„Борбата против цензурата на Инстаграм не е за да се добијат повеќе гледања на еден пост, туку за да бидат видени во светот, на големо! Секое тело заслужува да биде видено, слушнато и да му биде дозволено да биде прикажано. Интернационалниот ден на Интернетот е идеален датум за да привлечеме внимание.“ – изјавил основачот на United Pole Artists, кој е дел од организацијата.
Оваа кампања започнала откако 18.000 танчарки на шипка и нивните поддржувачи потпишале петиција за да биде прекинато блокирањето и бришењето на нивните профили, бидејќи наводно не ги прекршуваат правилата, а иако некои од нив биле повторно вратени за употреба, сепак банирањето продолжило, што тие го гледаат како дискриминација кон одредени групи на луѓе.
„Кога нашите тела, самите ние, нашите пасии, нашата работа и нашите животи се скриени или избришани бидејќи „не се совпаѓаат со правилата на Инстаграм заедницата“ – ние сме засрамени и замолчени. Но кога познатите и влијателни личности објавуваат исти содржини, тие не се соочуваат со забрани и бришење на профили.“ - изјавуваат тие.
https://www.instagram.com/p/B4AeZLlBLGw/
Со цел да привлечат поголемо внимание, заедницата има Инстаграм профил на кој објавуваат уметнички фотографии од разголени тела, а од компанијата бараат подобро да им бидат објаснети алгоритмите, нивните правила и стандарди по кои тие одлучуваат дали нешто може да добива гледаност или ќе биде забрането и да престанат да бидат дискриминирани без објаснување.
https://www.instagram.com/p/B4M8PmRhfsj/
Луѓето од разни професии ширум светот ја поддржуваат оваа иницијатива и на своите Инстаграм профили објавуваат слични фотографии под хаштагот #EveryBODYVisible, а исто така ги означуваат и директорите на Инстаграм, но поголем дел од нив не може да бидат прикажани, бидејќи содржината не се совпаѓа со правилата на платформата.
Што мислите вие за оваа кампања, дали со право го креваат својот глас или сепак Инстаграм треба да се држи до строгите правила?
М. М. | Црнобело