Фантомски остров кој е видлив еден ден на секои 7 години
- Детали
- недела, 03 ноември 2019
Според античка ирска легенда Hy-Brasil е остров скриен во магла, кој се појавува на секои седум години - само за еден ден, и само тогаш може да се види. Овој мистериозен остров за прв пат се појавил во 1325 година, а на повеќето мапи се наоѓа на околу 300 километри од брегот на Ирска во Северен Атлантик.
Приказните за овој фантомски остров со векови циркулираат низ Европа.
Една од позабележителните географски карактеристики на Hy-Brasil е тоа што на мапите секогаш личи на круг со канал (или река) што тече од исток кон запад.
Бројни имиња на мистериозниот остров
Hy-Brazil, се нарекува и Hy-Breasal, Hy-Brasil, Hy-Breasil и Brazi. Името потекнува од зборот „Breasal“, што значи највисок крал на светот во келтската историја.
За прв пат го спомнува картографот Анџелино Дулцерт од Џенова во 1325 година, а го нарекува „Bracile“. Подоцна се појавува во Каталонскиот Атлас во 1375 година, како два одвоени острови со исто име „Illa de brasil“.
Во 1436 година се појавува и како „Sola de Brasil“ на венецијанската мапа од картографот Андреа Бјанко.
Бројни експедиции во потрага по мистериозниот остров
Џон Џеј Јуниор во 1480 година тргнал од Бристол, Англија, со цел да го пронајде островот, но по два месеци поминати на отворено море, се вратил со празни раце, видно разочаран.
Во 1481 година, уште два бродови, Тринити и Џорџ тргнале на експедиција да го пронајдат островот, но исто така, без успех.
Интересно е што во 1497 година, шпанскиот дипломат Педро де Ајала ги известил католичките кралеви на Шпанија дека Џон Кабот (првиот Европеец што ја посетил Северна Америка после Викинзите) бил на островот.
Таму тврди дека се сретнал со еден мудар старец, кој му дал злато и сребро. Островот бил населен со големи црни зајаци и мистериозен волшебник, кој живеел сам во голем камен замок.
Во следните години, островот се повлекол во анонимност. Сите други обиди да се пронајде повторно се покажале како неуспешни, а картографите почнале да го изоставаат од наутичките мапи.
Островот е последен пат документиран во 1872 година од страна на Роберт О’Флахерти и Т.Џ. Вестроп. Вестпроп тврдел дека го посетил островот три пати и бил толку маѓепсан што го донел семејството за да го види лично.
Ирска Атлантида?
Додека Атлантда е можеби најпознатата изгубена цивилизација, за Hy-Brasil има многу повеќе документирани податоци, повеќе извештаи и очевидци.
Легендата веројатно се пренесувала со генерации, уште од крајот на последното ледено доба, кога нивото на морето било пониско.
Ашера | Црнобело