Мистериозни звуци во близина на Росвел предизвикуваат вознемиреност и паника – за што се работи?
- Детали
- петок, 18 октомври 2019
Со децении, жителите на градот Таос, во Ново Мексико, ги опседнува еден мистериозниот звук. Се работи за постојан шум со ниска фреквенција, што некои го споредуваат со далечниот звук на дизел моторот.
Постојаната изложеност на овој звук предизвикува главоболки, несоница, вознемиреност, па дури и проблеми со дишењето.
Иако шумот може да се слушне, разни детектори на звук не успеале да го регистрираат. Покрај тоа, бројни истражувачки тимови биле испратени во Таос за да ги откријат причините за овој феномен, но никој не успеал во оваа задача.
Шумот за првпат бил пријавен во раните 90-ти години, а професорот Џо Мулинс открил дека можат да го чујат два проценти од приближно 5.000 жители на Таос. Звукот се појавува одеднаш, многу е тивок, а луѓето го слушаат барем еднаш неделно.
Сведоците велат дека звукот може да се чуе погласно во мали и затворени простори, како што е автомобил или куќа, што дополнително ја додава бизарноста на целата ситуација.
Теории на заговор
Недостатокот на стручно објаснување за овој феномен доведе до многу теории на заговор. Некои тврдат дека звукот е производ на активност на вонземјани, што е дополнително оправдано со фактот дека Таос се наоѓа на само 800 km оддалеченост од Росвел, во кој наводно паднал неидентификуван летечки објект во 1947 година.
Други веруваат дека бучавата е поврзана со тајниот проект на американската војска, која во минатото веќе има правено тестови со ниска фреквенција на звук, додека други веруваат дека станува збор за природен феномен.
Неодамнешните истражувања покажуваат дека шумот во Таос може да се должи на два длабоки океански бранови со иста фреквенција што патуваат во различни насоки.
Чудни звуци кои не можат да се објаснат не се резервирани само за овој американски град - згора на тоа, истите се слушаат низ целиот свет.
Можете да го слушнете шумот во ова видео:
Ашера | Црнобело