Виолетово небо - Магична глетка пред катастрофалниот тајфун во Јапонија (фото)
- Детали
- вторник, 15 октомври 2019
Јапонија подготвена го дочека тајфунот Хагибис, а природата го најави на навистина волшебен начин.
Луѓето од целата држава го забележале магичното виолетово небо, кое било како предупредување за катастрофата што следи.
Бурата што ја зафати Јапонија после појавата на виолетовото небо, веќе одзеде над 40 животи, а тајфунот со категорија 5 се смета за најсилниот во земјата во изминативе 50 години.
Виолетовото небо е резултат на феномен познат како „расфрлање“. Феноменот настанува кога молекулите и ситните честички од атмосферата имаат влијание врз насоката на светлината и ја расфрлаат.
https://www.instagram.com/p/B3oX0ZFHlh1/
Бурата и дождот ги „чистат“ големите честички, кои апсорбираат повеќе светлина и ја расфрлаат рамномерно. Како што се намалува бројот на големи честички, боите на небото стануваат поинтензивни.
Социјалните мрежи веднаш беа преплавени со фотографии од магичниот настан, а дел од нив можете да погледнете во продолжение: