Toп 10 премиум проекти на Лимак!

Една од најголемите градежни компании во светот Лимак, го гради во Скопје мултифункционалниот комплекс Diamond of Skopje. Слободно можеме да кажеме дека во нашата историја досега не сме имале толку голема и релевантна градежна компанија која инвестира во нашата земја и главен град Скопје. Со приближно 70,000 вработени и дејност во 8 различни сектори, Лимак е вброена меѓу трите најбрзо растечки градежни компании во светот. Како компанија која поставува силно посакувани високи стандарди во овие области, Лимак Холдинг е рангирана на 67-то место меѓу најдобрите 250 градежни компании заедно со градежните магнати од светска класа, според „Engineering News-Record” (ENR).

top-10-premium-proekti-na-limak-01.jpg

Специјализирана за сите типови на инфраструктурни и градежни проекти со вредност од повеќе од 10 милијарди долари, вклучувајќи аеродроми, пристаништа, автопати, хидроцентрали, фабрики, индустриски објекти, гасоводи, и угостителски и туристички објекти, инвестирајќи во 8 сектори во 18 држави.

Во продолжение нашата редакција истражуваше и издвои 10 премиум проекти на Лимак:

Аеродромот во Истанбул

Поширок конзорциум на компании, меѓу кои се најде и Лимак, учествуваше во изградбата на најголемиот аеродром во светот, истанбулскиот кој беше отворен од страна на претседателот на Република Турција, Реџеп Тајип Ердоган, на 29 октомври, 2018 година и започна да работи под името “Istanbul Airport”.

top-10-premium-proekti-na-limak-02.jpg

Реконструкција на мостот Çanakkale и автопатот Malkara-Çanakkale

Станува збор за реконструкција на мостот Çanakkale од 1915 година, кој ќе биде мост со најголем распон на светот, од 2023 метри помеѓу неговите потпорни зидови, а е предвидено да биде долг 4.608 метри со неговите странични распони. Планирано е мостот да има 6 сообраќајни ленти, со патеки од двете страни на патот кои ќе се користат за одржување и поправка на мостот.

Темелите на двете носечки кули планирано е да се постават на дното на морето на длабочина од приближно 40 метри, а висината на челичните мостови се планира да биде приближно 318 метри а вкупната висина да биде 333 метри.

Мостот Çanakkale треба да биде завршен во 2023 година, на 100 – годишнината на Републиката.

top-10-premium-proekti-na-limak-03.jpg

Интернационалниот аеродром во Кувајт

Проектот за аеродромот во Кувајт е планиран со цел значително да се зголеми аеродромскиот капацитет и да се создаде нов регионален центар. Зградата на Новиот Терминал ќе им понуди на патниците највисоко ниво на удобност на површина од приближно 750.000 м2. Зградата се наоѓа под единечен покрив, со пристаништа кои ги одбиваат сончевите зраци и овозможуваат да влезе дневна светлина внатре. Капацитетот на аеродромот се планира да достигне 25 милиони патници годишно откако ќе биде ставена во функција новата терминална зграда. Аеродромот, кој има за цел да биде прва “LEED GOLD” зграда во светот помеѓу патничките терминали, исто така ќе генерира соларна енергија со комбинирање на термички карактеристики на бетонската конструкција и сончевите енергетски панели инсталирани на голема површина на покривот. Во исто време, тендерот се квалификува како најголем тендер што им е доделен на турските изведувачи во странство како единствен пакет.

44359994484f5fab27c5151b0fc3de0b_L.jpg

Железничката станица во Анкара

Проектот кој е дизајниран со современ концепт, има годишен капацитет од 15 милиони и дневно 50 илјади патници. Железничката станица во Анкара има вкупна градежна површина од 190 илјади квадратни метри и е земена во функција вклучувајќи го и патниот аранжман за Celal Bayar Avenue, со церемонија одржана на 29 октомври 2016 година

top-10-premium-proekti-na-limak-04.jpg

Подземна железница во Днипро, Украина

Проект започнат 2016 година, финансиран од Европската инвестициска банка (ЕИБ) и Европската банка за реконструкција и развој, а кој треба да биде завршен во 2021 година. Вклучува дизајн и изградба на подземната линија долга приближно 4 километри и 3 станици за патници.

top-10-premium-proekti-na-limak-05.jpg

Лимак Кипар Делукс Хотел

Хотелот Лимак Кипар Делукс се наоѓа во туристичкиот центар Бафра, кој е оддалечен 25 километри од најблиската населба, 65 километри оддалечен од аеродромот Еркан и 40 километри од центарот на градот Фамагуста. Хотелот нуди алтернативни опции за сместување со своите 598 соби и вкупно 1338 кревети, и нуди ексклузивно искуство за одмор со својот ultra all inclusive концепт и уникатна природа. Објектот има 3 базени на отворено и еден затворен базен, аква парк, спа центар, еден отворен и 3 a la carte ресторани.

top-10-premium-proekti-na-limak-06.jpg

Браната Јусуфели

Браната Јусуфели ќе биде највисоката брана во Турција и третата највисока брана во светот од типот на брана со двојно искривување од бетонски лак по висина од 275 метри по завршувањето. 1.888 милијарди киловати-час енергија ќе бидат генерирани на годишно ниво во централата, каде планираната инсталирана моќност е 558 MW. Задржувањето на водата во браната Јусуфели кое е околу 2.2 милијарди кубни метри се планира да се спроведе до крајот на 2020 година.

top-10-premium-proekti-na-limak-07.jpg

Diamond of Skopje

Мултифункционален проект во срцето на Скопје со вкупна површина од 323 илјади метри квадратни, кој ќе претставува уникатен симбол на градот. Проектот се планира да се заврши во 2021 година.

top-10-premium-proekti-na-limak-11.jpg

TANAP-Trans Anatolian Natural Gas Pipeline Lot

Гасовод со кој ќе се овозможи транспорт на гас од Азербејџан преку Каспиското море прво до Турција, а од тука и до цела Европа.

TANAP, во комбинација со Јужно Кавказскиот гасовод (SCP) и Транс – Јадранскиот гасовод (TAP), го формира т.н. јужен коридор на природен гас. Крај на 2019 се планира првиот проток на природен гас од Азербеџан.

top-10-premium-proekti-na-limak-09.jpg

Меѓународен аеродром Адем Јашари,Приштина

Меѓународниот аеродром во Приштина, Адем Јашари, беше приватизиран во мај 2010, а го превзеде Лимак Косово меѓународниот аеродром Ј.Ѕ.С. со 20 годишен договор според моделот Build-Operate-Transfer. Проектот кој започна на 4 април 2011 година, беше завршен на 23 октомври 2013 година.

Новата терминална зграда беше дизајнизрана како структура со околу 43.000 м2 внатрешен простор, која ја собира целата високо-технолошка опрема за ефикасно работење под еден покрив и која ја истакнува независноста на Косово преку својот импресивен дизајн.

top-10-premium-proekti-na-limak-10.jpg

Би можело да ве интересира:

Бараше да му биде извршена евтаназија, но почина мирно во својот дом – Светот се простува од Ален Де... Неговите деца цела година водеа жестока битка за тоа како треба да се лекува акт...
Канаѓанка е рекордер во дарување крв – дарувала 118 литри во период од 59 години Џозефин од Канада првпат дарувала крв на 22-годишна возраст и до денес, на 81 го...
„Ме прогонува“ - Бизарна маица со принт од свиња го згрози светот „Оваа страшна маица ме прогонува“ е еден од коментарите за маицата која ги подел...
Дете на 2-годишна возраст се искачи до камп на Монт Еверест на 5.364 метри и сруши рекорд (фото) Со своите две години, малиот Картер од Англија стана најмладата личност која сти...
Родила 51 дете, па направила операција за да не забременува - Која е „најплодната жена во светот“? По присилниот брак со многу постар маж, Маријам од Уганда првпат родила кога бил...
„За малку можел да се спаси“ – Што знаеме за трагичната смрт на британскиот доктор во Грција? Британскиот доктор и водител Мајкл Мозли беше пронајден мртов на малиот грчки ос...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg