Италијански град на духови: Чудно место кое се наоѓа на посебна листа
- Детали
- недела, 13 октомври 2019
Град сместен на карпа, стар стотици години, необичниот Крако ги привлекува патниците во потрага по места кои имаат специјална вибрација…
Се наоѓа на југот на Италија, а се нарекува италијански град на духови. Изграден е на карпа висока 400 метри, а со векови го издржал суровото време и болести. Но во раните 90-ти, од градот заминаа и последните жители.
И покрај тоа што во близина нема многу атракции, Крако е многу привлечен за туристите, како и за режисерите, кои бараат необични локации.
Малиот град е изграден на карпа за да се одбрани од непријателот, а неговиот впечатлив изглед дополнително го потенцира контрастот на ридестото опкружување.
Центарот на градот е изграден во највисокиот дел од градот. Судејќи според гробниците кои датираат од 8 век пред нашата ера, се верува дека во тоа време пристигнале првите жители - Грците кои се преселиле од малиот град Метапонто.
Во вековите што следувале, жителите се соочиле со многу катастрофи - од чума и разбојници до поплави и земјотреси. Но животот, од време на време, се враќа во градот.
Таму се одржуваат верските фестивали, а верниците ја посетуваат старата статуа на Дева Марија, како и прекрасните цркви.
Поради историското значење, Крако се наоѓа на листа на 100-те загрозени места на светското наследство на WMF (World Monuments Watch). Посетителите можат да го обиколат градот за време на тури, а влезот се наплаќа.
Ашера | Црнобело