Баровите во Италија почнаа да користат тестенини наместо пластични цевки
- Детали
- среда, 09 октомври 2019
Италијанците преземаа одлична иницијатива со тоа што хартиените и пластичните цевки ги заменија со цевки од тестенини – генијална идеја.
Многу земји низ светот почнаа да ги заменуваат пластичните цевки со хартиени, со цел да го намалат пластичниот отпад, иако многумина се согласуваат дека истите не се многу практични.
Но, Италијанците отидоа чекор понапред, па наместо пластични или хартиени цевки, во некои барови тие почнале да нудат цевки од тестенини, а корисник на Reddit прв ја рашири оваа вирална вест.
Bars in Italy have started using pasta straws as a way of reducing waste https://t.co/fTDSOcq7JS pic.twitter.com/vD8kgpw43x
— SICK CHIRPSE (@SickChirpse) October 2, 2019
Сепак, изгледа дека тие не се први кои се сетиле на оваа идеја, со оглед на тоа што во некои делови од Велика Британија веќе се користеле „паста цевки“, од брендот STROODLES.
@mountgayrum the most delicious rum you could EVER imagine 🤤 Stroodles (PASTA STRAWS) in Scotland last week with our friends at Mount Gay pic.twitter.com/ZaFZAvOYW5
— STROODLES (@stroodles_HQ) October 1, 2019
Оние кои веќе пробале да пијат со цевки направени од тестенини се задоволни од изумот и велат дека не го менуваат вкусот на пијалакот, а луѓето ширум светот одлично ја прифатија оваа генијална идеја.
Би пиеле ли и вие од „паста цевка“? Можеби некогаш ќе „дојде“ и кај нас овој модерен изум...
М. М. | Црнобело