7-годишно момче со бујна коса е хит на Инстаграм! (фото)
- Детали
- вторник, 08 октомври 2019
Благодарение на неговата долга виткана коса, Фарук Џејмс веќе е ѕвезда на социјалните мрежи.
На само 7 години, тој има над 200.000 следбеници на Instagram, a бил дел од модните кампањи на неколку брендови и се појавил на некои од најважните ревии ширум светот.
Дознајте како ова момче од Лондон го привлече вниманието на сите.
Почетоци
Кариерата на Фарук почнала во 2014-та година, кога неговата мајка Бони објавила фотографии од него на нејзиниот Instagram профил.
Тогаш Фарук имал 3 години, но веќе имал бујна виткана коса, што веднаш го направила популарен.
Оттогаш, неговиот број на следбеници само расте, исто како и неговата коса.
Заштитен знак
Фарук се родил со многу коса, а ја имал и уште пред да се роди.
„Кога направив ултразвук во 6-тиот месец од бременоста, можев да ја видам неговата коса“, изјавила неговата мајка.
Кога Фарук имал само 6 месеци, веќе соработувал со модна агенција.
Многу трпение и многу нега на косата
Фарук има и свој YouTube канал, каде што неговата мајка објавува видеа за неговите секојдневни активности, но и за неговата рутина за нега на косата.
„Кога се роди, неговата коса беше многу права, многу црна и долга. Почна да се витка кога наполни 4 месеци. Потоа почна да ѝ се менува нијансата и да расте повеќе и повеќе“, споделила Бони.
Без сомнение, оваа коса бара многу нега и многу продукти, но пред сè, трпение.
Револуција во концептот за детската мода
Мајка му го терала да ја скрати косата, но Фарук не сакал да се откаже од неа. Неколку години подоцна, косата му станала заштитен знак.
„Денес луѓето сакаат да имаат ваква долга коса. Интересно е што модните компании го сакаат токму тоа. Тие сакаат андрогениот изглед да биде малку поразличен: “
Во 2016-та година, тој се појавил и на Модната недела во Лондон.
Најважно е да се прифатите себеси
Објавувањето на неговите фотографии било како проект што ќе го натера Фарук да ја прифати својата природна коса. Во детството косата му предизвикувала проблеми, но сега тој ја шири пораката дека треба да се прифатиме, онакви какви што сме.
„Имаме многу позитивност што сакаме да ја споделиме со луѓето, да ги натераме да прифатат ако се различни и да ја прифатат индивидуалноста.“
Мајката на Фарук сака да ги натера децата да се чувствуваат удобно во своја кожа, без разлика дали имаат долга или кратка коса.
Да биде модел не е единствената желба на Фарук
Покрај позирањето, Фарук сака фудбал, а омилен клуб му е Chelsea. Младото момче со бујна коса ги сака и театарот и музиката, а ужива и во танцувањето.
Безброј фризури
Фарук ужива во правењето фризури, па неретко си прави плетенки, ја собира косата и прави секакви експерименти со неа.
Спирова С. | Црнобело