Патничка во авион ја отворила вратата за итни случаи - ѝ било загушливо (видео)
- Детали
- четврток, 26 септември 2019
Патничка во авион без размислување го отворила излезот за итни случаи кратко пред полетување, бидејќи било многу загушливо.
Во понеделникот, патничка во авион од кинеска авиокомпанија, решила да ја отвори вратата за излез во итни случаи, за да влезе малку свеж воздух, иако била предупредена да не ја допира.
На снимката може да се забележи како персоналот е зачуден, во неверување, кога ќе го види отворот, додека се обидуваат да одлучат што следно да прават.
На едни патници им е интересна ситуацијата, а други се чудат на паметот на патничката.
Видеото вирално се прошири и ги остава гледачите шокирани од постапката на жената.
https://www.youtube.com/watch?v=8mSK8vabdZw
Подоцна, патничката била уапсена, а се чекаат детали за случајот.
М. М. | Црнобело