Пар од Франција во затвор поради крадење песок на Сардинија
- Детали
- вторник, 20 август 2019
Еден пар од Франција можно е да го очекува казна затвор од 6 години поради крадење песок од Сардинија. Парот бил фатен како носи 40 килограми песок во автомобил. И двајцата изјавиле дека сакале да го однесат дома како сувенир и дека не знаеле дека прават прекршок.
Италијанскиот остров е познат по своите плажи, а белиот песок се смета за богатство. Па, земањето песок од островот е забрането со закон.
Исто така, во 2017-та година било забрането и тргувањето со песок и школки, а оние кои го прекршуваат правилото можат да добијат казна и до 3.000 евра.
Полицијата го открила песокот спакуван во 14 пластични шишиња, а парот го собрал од плажата Чија, што се наоѓа на јужниот дел од островот.
Научниците се загрижени бидејќи секоја година од островот исчезнуваат неколку тони од скапоцениот песок. За ова постојат две причини – најпрво голем проблем е ерозијата која е делумно природна појава, а делумно предизвикана од зголемувањето на нивото на морето.
Вториот проблем се туристите, воглавно Европејци и Италијанци, кои го пакуваат песокот во шишиња, а потоа го продаваат онлајн.
Спирова С. | Црнобело