„Што купуваме денес?“ - девојка се жали на неквалитетните бикини, купени за на Ибица
- Детали
- понеделник, 19 август 2019
Дали ви се случило некое парче да ви пушти боја и воопшто да не е соодветно за својата намена? Каков квалитет ни се нуди денес?
Хариет Рајт (20) купила неонско портокалови бикини за нејзиниот одмор на Ибица.
Таа се пожали за неквалитетот на производите кои ги купуваме денес, откако бикините ѝ оставиле портокалова боја на чаршафите.
Интересно е што тврди дека со нив воопшто немала влезено во вода, туку тоа се случило само поради контактот на бикините со млекото за тело што си го имала нанесено на себе.
Потоа се туширала 2 пати за да успее да ја отстрани бојата од своето тело и прашува како е можно ова да се случи.
Производи со каков квалитет купуваме денес? Дали тие се штетни по нашето здравје?
С. С. | Црнобело