По скандалот со Кети Пери, машки стриптизер се жали на третманот од жените
- Детали
- четврток, 15 август 2019
Исповед на машки стриптизер: „Ме иритира тоа што жените често ме гледаат како да сум вреќа мускули, која ништо не може да ја повреди.“
Да се стои среде разбеснета толпа жени, да се танцува додека тие се во делириум и сакаат да дојдат до вас, звучи добро или застрашувачки?
Некои мажи ја работат оваа професија, но машките стриптизери откриваат дека не е сè така розово како што мислат сите.
Покренато е дури и движење #SheToo, каде мажите се жалат на лоши искуства со жени, кое е слично како движењето #MeToo, каде жените пријавуваат сексуални злоупотреби.
Иако статистиките тврдат дека жените почесто се мета на сексуални злоупотреби, некои гласноговорници на посилниот пол велат дека голем е и бројот на злоупотребени мажи, но тие не говорат јавно.
Еден од нив е Џош Клош кој тврди дека пред 9 години на една забава додека пиеле со пејачката Кети Пери таа му ги повлекла панталоните и гаќите за неговите гениталии да бидат изложени пред сите.
38-годишниот модел ова обвинување го изнесе 9 години откако со Пери го снимаа спотот за песната „Teenage Dream“ во 2010 година.
Кети е првата женска ѕвезда што беше обвинета во движењето #SheToo, а Џош тврди дека се чувствувал засрамено и патетично во мигот кога стоел со гол пенис пред сите. Но, многумина го обвинија за измислување и правење на драма од ништо.
По скандалот, и еден машки стриптизер се исповеда за лошиот третман што го добива од жените.
„Ако ставите голема група на сингл жени заедно и на тоа додадете алкохол, работите брзо излегуваат од контрола. Не постои дел од моето тело кој не бил допрен за време на моите настапи. Постојано ме удираат по задникот, ме фаќаат и тријат дури и за интимата.
При настап во една пригода жена ме повлече толку силно за пенисот што беше болно и шокантно.
Ме гребеле, ми го лижеле вратот и што уште не. Не сфаќајте ме погрешно јас сум крупен и можам да се одбранам, но ме иритира тоа што често ме гледаат како да сум вреќа мускули, која ништо не може да ја повреди.“
С. С. | Црнобело