Пар стана вирален хит со фотографите пред и по зависноста од дрога
- Детали
- среда, 14 август 2019
Почнале да користат дрога од 9-годишна возраст, велат дека никогаш не биле среќни и дека сега за првпат се смеат од срце.
Брент и Ешли Вокер почнале да користат нелегални супстанции на околу 9-годишна возраст.
Но, по живот минат со зависност од дрога, тие одлучиле да се изборат и да се обидат да го средат својот живот.
Брент (30) и Ешли (31) веќе 3 години се чисти од дрога, а тоа го прославија со прикачување фотографија на која се сликани во моментот кога одлучиле да почнат со терапија и денес.
На Фејсбук тие го објавија постот со таг #CleanChallenge и добија повеќе од 144.000 споделувања и илјадници коментари за поддршка.
#Cleanchallenge This is my wife and I in active meth addiction the first photo was taken around December 2016 the...
-->Posted by Brent Alexander Walker on Friday, July 26, 2019
„Никогаш не сум бил среќен во мојот живот и сега кога сум чист се смеам секој ден и си поминувам убаво“, вели Брент.
Ешли пак вели: „Никогаш не сум имала добар однос со семејството и конечно почнувам да градам врска со нив. Сфатив какви грешки сум правела претходно и работам на тоа да ги поправам.“
Како изгледаат тие денес:
С. С. | Црнобело