6-годишно момче стана вирален хит со маичката за првиот училишен ден
- Детали
- четврток, 08 август 2019
„Мамо, сакам маичка со напис „Ќе ти бидам пријател“, за сите дечиња да знаат дека можат да сметаат на мене.“
Ники Рајан (6) стана вирален хит откако неговата мајка специјално му направила маичка за првиот училишен ден.
Таа за да го инспирира да го сака училиштето го прашала каква маичка сака за да му ја изработи специјално. Да си одбере што било, без разлика дали тоа е кошаркарска тема, фудбал или нешто друго.
Малиот Рајан по кратко размислување ѝ кажал дека сака маичка со написот „Ќе ти бидам пријател“, за сите деца на кои им треба пријател да знаат дека тој е таму за нив.
Мајката му ја исполнила желбата и била воодушевена од идејата и големината на срцето на нејзиниот син.
Откако ја споделила случката на Фејсбук, таа стана вирален хит и има повеќе од 8.000 споделувања.
I have to brag on my son. I told him that as a back to school gift, I will make him any shirt he would like. It could...
-->Posted by Unfading adornments on Monday, July 29, 2019
I have to brag on my son. I told him that as a back to school gift, I will make him any shirt he would like. It could...
Posted by Unfading adornments on Monday, July 29, 2019
С. С. | Црнобело