Маж доби „доживотна“ лотарија - 30 години, секој месец ќе прима по 10.800 евра
- Детали
- среда, 07 август 2019
Има само 24 години, а веќе може слободно да го живее својот живот од соништата.
Дин Вејмс (24) од Велика Британија доби т.н. доживотна лотарија, односно во наредните 30 години тој секој месец ќе добива по 10.00 фунти (10.860 евра).
До 54-годишна возраст тој ќе добие вкупно 3.9 милиони евра.
„Ова значи дека веќе немам грижи за цел живот. Ми изгледа нереално. Го живеам својот сон“, изјави Дин кој планира трошењето да го започне со патување во Дизниленд.
Тој ја напушти својата работа и откри дека ќе се фокусира на тоа што го сака – пишување на сценарија. Ќе му помогне финансиски на своето семејство и ќе ужива во животот.
Дин е четвртата личност што добила ваква награда во Велика Британија, но е првата која јавно го откри својот идентитет.
Запознајте го овој среќник:
С. С. | Црнобело