Сите метеорски дождови до крајот на годинава што вреди да ги набљудувате

Можеби веќе се подготвувате за Персеидите, но знаевте ли дека има други метеорски дождови што вреди да ги набљудувате? 

meteorski-dozhdovi-do-krajot-na-godinava-shto-vredi-da-gi-nabljuduvate-01.jpg

Во продолжение погледнете ги метеорските дождови што можеме да ги очекуваме до крајот на годината и кои, за среќа, се видливи и од кај нас.

Јужни Делта Аквариди

Во последната недела од јули има неколку метеорски дождови, а еден од нив се Jужните Делта Аквариди кои се највидливи на 30-ти јули. Овој метеорски дожд најдобро се набљудува од јужна половина на Европа и се забележуваат од 10 до 15 метеори на час.

Во најактивниот период, можат да се забележат и до 40 метеори на час. Делта Аквардитите се познати по нивните светли, и често разгорени метеори.

meteorski-dozhdovi-do-krajot-na-godinava-shto-vredi-da-gi-nabljuduvate-02.jpg

Персеиди

Ова е можеби најпознатиот метеорски дожд, но, за жал, годинава ќе биде „засенет“ од речиси полната месечина. Оваа година Персеидите ќе бидат најактивни на 13-ти август.

Добро е што дождот ќе трае и пред изгрејсонцето, така што ќе имате можност да ги набљудувате подобро. Кога небото е чисто и неосветлено, можат да се забележат и до 80 метеори на час.

Сепак, месечевата светлина ќе го ограничи овој број на околу 10-20 метеори на час.

meteorski-dozhdovi-do-krajot-na-godinava-shto-vredi-da-gi-nabljuduvate-03.jpg

Ориониди

Орионидите како да ја отвoраат „сезоната на метеорите“. Односно, после нив следуваат 3 месеци со чести метеорски дождови.

Највидливи ќе бидат на 22-ри октомври, а во тој период можете да забележите околу 20 метеори на час. Оваа година, исто како и за Персеидите, месечината ќе го осветли небото и ќе ја намали нивната видливост.

meteorski-dozhdovi-do-krajot-na-godinava-shto-vredi-da-gi-nabljuduvate-04.jpg

Тауриди

Тауридите се навистина интересен метеорски дожд кој е активен неколку месеци. Најчесто има два oграноци од дождот – Јужни Тауриди и Северни Тауриди. Јужните Тауриди се највидливи на 10-ти октомври и се забележуваат околу 5-7 метеори на час.

Северните Тауриди се најактивни на 12-ти ноември и ќе се забележуваат ист број на метеори. Иако Тауридите не се многу интензивни, познати се по светлите метеори.

meteorski-dozhdovi-do-krajot-na-godinava-shto-vredi-da-gi-nabljuduvate-05.jpg

Леониди

И Леонидите оваа година ќе бидат осветлени од речиси полната месечина, па се очекуваат околу 3-5 метеори на час. Највидливи ќе бидат на 18-ти ноември.

meteorski-dozhdovi-do-krajot-na-godinava-shto-vredi-da-gi-nabljuduvate-06.jpg

Геминиди

Геминидите се можеби најубавиот метеорски дожд во годината, но за набљудување повторно ќе пречи месечината. Сепак, и покрај тоа, ова е шоу што вреди да го видите.

Највидливи ќе бидат на 14-ти декември и се очекува да се забележат и до 30 метеори на час. Покрај тоа, ноќта за набљудување е петок, па ќе можете да ги гледате и до подоцна.

meteorski-dozhdovi-do-krajot-na-godinava-shto-vredi-da-gi-nabljuduvate-07.jpg

Урсиди

Последниот значителен метеорски дожд годинава се Урсидите. Највидливи се на 23-ти декември и обично се појавуваат околу 10 метеори на час.

Сепак, оваа година се очекува дождот да биде поинтензивен, а условите за набљудување ќе бидат совршени. Месечината ќе биде мала и ќе изгрее пред самрак, па нема да ви попречува во набљудувањето.

meteorski-dozhdovi-do-krajot-na-godinava-shto-vredi-da-gi-nabljuduvate-08.jpg

Спирова С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Боби од Скопје по поплавите во Дубаи: „Имаше предупредување да не се излегува од дома, колешка ноќес... „Дене времето се расчистува, сончево е. Сите работат од дома, нема паника к...
Потег за восхит: Бразилец посадил 40.000 дрвја во Сао Паоло и направил зелена оаза среде градот (фот... Бизнисмен од Бразил поминал 20 години садејќи дрвја покрај брегот на река во Сао...
Американците среќни за празничниот изглед на Белата куќа: „Џил Бајден не го мрази Божиќ како Меланиј... 98 елки, 34.000 лампиони и околу 142.000 светилки – годинава Белата куќа е како ...
Канаѓанка е рекордер во дарување крв – дарувала 118 литри во период од 59 години Џозефин од Канада првпат дарувала крв на 22-годишна возраст и до денес, на 81 го...
„Трапавиот Чарлс“ – Избегнал смртоносна лавина, сам ќе си го откинел прстот со чекан Скршил рамо додека ловел лисици, не знае ни сам колкупати паднал од коњ, а за ма...
Како изгледаше ретката сина супермесечина во август 2024 во Македонија, а како во светот? Сината месечина е многу ретка појава, односно само 3% од полните месечини се поз...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg