Земја со 6 годишни времиња, 1600 јазици и плаќање со отпад наместо со пари: Запознајте ја Индија
- Детали
- понеделник, 22 јули 2019
Со дури 1600 различни јазици и шестина од светското население коешто ја нарекува свој дом, Индија е сè, само не обична земја. Разновидноста на пејзажите, кујната и временските услови, прават некои делови од земјата да изгледаат како да се сосема други држави.
Еве дел од работите коишто ја прават Индија уникатна:
1. Целиот свет има 4 годишни времиња, Индија има 6
Традиционалниот Индиски календар има шест годишни времиња:
Пролет: Од средината на февруари до средината на април
Лето: Од средината на април до средината на јуни
Монсун: Од средината на јуни до средината на август
Есен: Од средината на август до средината на октомври
Зимска вечер: Од средината на октомври до средината на декември
Зима: Од средината на декември до средината на февруари
2. Во светот постојат 8000 јазици, од кои 1600 се зборуваат во Индија
Во поголем дел од земјите на светот се зборува еден, два или три јазици, но во Индија се зборуваат дури 1600, од кои 122 се класифицирани како официјален јазик.
Од овие дури 30 се мајчин јазик на повеќе од 30 милиони луѓе, но не грижете се, доколку сакате да ја посетите Индија скоро сите зборуваат англиски. Сепак, она што е најчудно, е што и покрај толку многу јазици, Индија нема свој национален јазик.
3. Постојат факултети коишто наместо пари, за школарина примаат пластичен отпад
Овој потег им го олеснува школувањето на сиромашните студенти, а и го намалува пластичниот отпад.
4. Во целиот свет се намалува зеленилото, а во Индија расте
Во последните 20 години дојдено е до масовно сечење на шумите, но според НАСА, зелениот покривач во Индија е повеќекратно пораснат, благодарение на масовното садење на дрва во 2017 година, кога биле насадени 66 милиони стебла за 12 часа.
5. Мажите се гушкаат и се држат за раце
Во Индија е вообичаено двајца мажи кои тукушто се запознале да се прегрнат, а исто така вообичаено е двајца машки пријатели да се шетаат на улица држејќи се за раце.
6. Бројот на луѓе коишто се возат со воз во Индија е еднаков на бројот на жители во Австралија
Иако Индија е втора по бројот на жители во светот, тешко е да се замисли колку е голем тој број всушност. Се работи за 1.345.760.000 жители.
7. Зошто Индијците постојано кимаат со главата?
Кимањето со главата значи и „да“ и „не“, но кимањето се разликува во различни делови од земјата, па за да можете да разберете што ви одговара некој, би морале да живеете во тој дел од земјата.
8. Во тоалетите нема тоалет хартија
Индијците претпочитаат да ги мијат интимните делови од телото по употребата на тоалетот, па најчесто во тоалетот ќе наидете на мала кофа и крпа.
9. Банки коишто не ја заклучуваат влезната врата
Во градот Шани Шингнапур, познат по бројот на храмови, жителите немаат врати на куќите, а оние што имаат не ги заклучуваат. Тоа е затоа што веруваат дека се заштитени од самиот Бог. Првата банка во градот е отворена во 2011 година, а и таа не се заклучува.
10. Шахот и играта со скали и лизгалки потекнуваат од Индија
Двете најпопуларни друштвени игри со табла се измислени во Индија. Шахот го добил името по изразот „Чатуранга“, што значи „4 дивизии војска“ – слонови, бојна кола, коњица и пешадија. Се верува дека се појавил во 6 век.
Играта со скали и лизгалки се појавила уште во античка Индија и се викала „Мокша Петам“. Настанала како асоцијација на традиционалната хиндуистичка психологија на контрастот помеѓу кармата и камата – судбината и желбата.
(О)Милена | Црнобело