Со научен експеримент мисица докажа дека манекенките не се „залагаат“ само за мир во светот
- Детали
- вторник, 09 јули 2019
На натпреварувањето за Мис Вирџинија победничката ги воодушеви сите со изведување научен експеримент, наместо покажување таленти за танцување и „залагање“ за мир во светот.
Манекенките ширум светот, на натпреварувањата најчесто ги покажуваат талентите за танцување, пеење, ветуваат дека се залагаат за мир во светот и најчесто немаат некои посебни таленти.
Но, 24-годишната биохемичарка Камил Шриер имала поинаква идеја со цел да ја освои титулата Мис Вирџинија.
Таа решила наместо танцување, да изведе научен експеримент во живо. Оваа идеја навистина се исплатела, бидејќи очекувано, Камил беше прогласена за Мис Вирџинија 2019.
Презентацијата на Камил го прикажала каталитичкото разложување на хидроген пероксид, како и хемиската реакција што настанува кога хидрогенот пероксид доаѓа во контакт со калиум јодид.
Резултатот бил навистина драматичен - како што се комбинирале супстанците, почнала да се појавува шарена пена што ги восхитила и гледачите, но и жирито.
Како што ја завршувала својата демонстрација, Камил изјавила: „Гледајте внимателно, бидејќи науката е навистина насекаде околу нас.“
Но, што означи оваа голема победа за Камил?
Најпрво, ова ѝ овозможува место во натпреварот Мис Америка што се одржува во септември. Но она на што вистински се надева Камил е дека нејзиниот експеримент ќе ја промени нашата перцепцијата за тоа што можеме да го сметаме за талент, додека истовремено ја предизвикува идејата за тоа која е вистинската кралица на убавината.
„Јас сум многу повеќе од Мис Вирџинија. Јас сум Мис Биохемичрака, Мис Системска биологичарка која се надева на кариера во фармацевтската индустрија. Сега беше време да направам промена во концептот за талент, покажувајќи ја мојата страст за наука на сцената. За мене талентот не е само страст, туку и вештина која се усовршува со години тренирање.“
Погледнете го видеото од нејзиното претставување на талент:
Како изгледа прекрасната биохемичарка:
https://www.instagram.com/p/BSjt-stg1T9/
https://www.instagram.com/p/89liMsB5zv/
Спирова С. | Црнобело