Кои се најлошите туристи во светот?

Порано не знаевме како се однесуваат странските туристите, освен ако не сме биле со нив, но денес имаме многу снимки од телефони кои ги откриваат најлошите туристи во светот.

Koi-se-najlosite-turisti-vo-svetot-01.jpg

Колку пати сте виделе туристички снимки на капење во фонтана или слични несоодветни работи? Знаете ли дека Аргентинците, според истражувањата, се познати како туристи кои најчесто крадат работи од хотелските соби?

Ова го прават и гостите од Сингапур, а најсигурни сте со туристите од Хонгконг.

Сепак, сега се фокусираме на туристите кои ниту еден домаќин не ги обожава:

Кинези

Кинеските туристи се склони кон вербално навредување на персоналот во авионот, вандализам на археолошки локалитети и уринирање на јавни места.

Сепак, со оглед на големината на оваа нација и со оглед на тоа дека во 2016 година 122 милиони Кинези патувале во странство, доволно е само неколку проценти да се однесуваат безобѕирно и веќе ќе остават впечаток на „лоши кинески туристи“.

Koi se najlosite turisti vo svetot 02

Британци

Британците се сметаат за пријателски, внимателен и љубезен народ, но кога патуваат сакаат да „пијат малку повеќе“. Често можат да се видат како трчаат голи низ улиците.

Освен тоа, многу светски медиуми пишуваат за измами од страна на британските туристи, кои лажат за труење од храна, барајќи надоместок од хотелите.

Koi se najlosite turisti vo svetot 03

Германци

Правила се правила, но доколку менито е монотоно или нема тераса во собата, иако е наведена во брошурата, Германците ќе бараат надомест. Тие се толку сериозни во врска со одморот и патувањето што делува како да не знаат да се забавуваат.

Ако во брошурата пишува дека ќе добијат пијалаци и закуски додека патуваат од аеродромот до одморалиштето, тие ќе инсистираат на тоа.

Американци

Според стереотипот, типичен американски турист мисли дека секој треба да ги прави работите на свој начин. Доколку нешто не му одговара ќе се обиде да го купи со пари.

Koi se najlosite turisti vo svetot 04

Руси

За руските туристи се вели дека имаат став „знаеме дека никој не нè сака и не ни е гајле“. Познавајќи го однесувањето на своите туристи во странство, Руското Министерство за надворешни работи дури направило брошура за однесување, повикувајќи ги своите граѓани да се однесуваат пристојно.

Дури 42 отсто од Русите ги сметаат своите сограѓани за најлоши туристи.

Се разбира, постојат груби и непристојни луѓе од сите националности, затоа не треба да имаме предрасуди, меѓутоа, ако ги прашате таксистите и хотелиерите за нивното искуство, ова се веројатно најлошите туристи во светот.

Ашера | Црнобело

Би можело да ве интересира:

„Јас и сопругот сме нудисти – луѓето мислат дека организираме развратни забави, но тоа не е точно“ Неколку нудисти, вклучувајќи и брачен пар, откриваат кои митови за нивниот начин...
Бараше да му биде извршена евтаназија, но почина мирно во својот дом – Светот се простува од Ален Де... Неговите деца цела година водеа жестока битка за тоа како треба да се лекува акт...
„Имам 33 години и сè уште сум невина – Кои 10 особини мора да ги поседува некој маж за да ме освои?“ „Во минатото се срамев да им кажам на луѓето и лажев, па велев дека не сум невин...
Реклама за костим за капење го подели мислењето на жените: Маж носи женски модел (видео) „Иако моделот изгледа убаво, зарем овој модел не е за женски тела, со гради и сл...
„Ме прогонува“ - Бизарна маица со принт од свиња го згрози светот „Оваа страшна маица ме прогонува“ е еден од коментарите за маицата која ги подел...
Најубавиот Арап на светот: Тврди дека го протерале од Дубаи затоа што е премногу згоден, успеал да г... Со својата убавина „маѓепсува“ жени ширум светот. Со измама дошол до титулата „н...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg