Милионер бара секс кукла што личи на неговата поранешна сопруга
- Детали
- среда, 26 јуни 2019
Сопругата го оставила по 35 години брак, а таа била единствената жена со која имал секс во животот...
Навистина е тешко кога едниот партнер ќе одлучи да си замине од врската или бракот, а сите луѓе имаат различни тактики за ублажување на болката.
Некои пишуваат песни, други ја прегрнуваат перницата на партнерот што заминал, а некои пак имаа почудни начини за справување со болката.
Еден милионер побарал да му се изработи секс кукла која личи на неговата поранешна сопруга. На онјлан платформата HushHush осамна ова необично барање.
Тој детално објаснил дека сопругата го оставила во 2017 година, по 35 години брак со образложение дека не го сака повеќе.
Открива дека пробал разни методи, но не нашол техника за ублажување на болката.
Неговата сопруга била единствената жена со која имал односи во животот и сега не може да замисли да биде интимен со некоја друга. Особено затоа што сопругата ја запознал пред да ги стекне милионите, па сега со толкаво богатство тешко му е да стекне доверба во новите партнерки.
Милионерот сакал куклата да изгледа колку што може пореално, да има иста боја на коса како неговата поранешна сопруга и подготвен е на произведувачот да му даде стотици фотографии од неа за да ја направи добро. Притоа нагласува дека парите не се проблем.
С. С. | Црнобело