„Ало, најдете работа“ - Инстаграм пар што побара донации го разлути светот
- Детали
- понеделник, 17 јуни 2019
Германски пар со еден потег доби лавина од критики. Дали навистина луѓето како нив заслужуваат донации?
Собирањето донации онлајн е прекрасен начин за да им се помогне на луѓето од целиот свет и да им се исполнат соништата на оние кои не можат да си ги остварат самите.
Но, еден германски пар претера со потегот и стана мета на критики.
Каталин Онк и неговата сопруга планираат да појдат со велосипеди од Германија до Африка и потребни им се 16.000 долари за велосипеди, опрема, храна, сместување, интернет и СИМ картички во секоја земја што ќе ја посетат.
Тие на сајтот GoFundMe напишаа:
„Сакаме да ве одведеме сите вас на една огромна авантура. Славење на животот, возење слободно по планини, покрај море и низ метрополи... Ќе ви ја покажеме убавината на оваа планета и на нејзините жители, но исто така и грдотијата. Но, тоа не можеме да го сториме самите. Потребни сте ни!“
Наместо донации кои ќе им помогнат да го реализираат своето патување од соништата, тие добија лавина од негативни коментари.
„Не ви ги давам тешко заработените пари на вас. Најдете си работа!“, „Парите ќе му ги дадам на некој кој вистински ги заслужува, а не на луѓе кои седат на своите мрзливи тетовирани задници и очекуваат помош“ беа дел од острите коментари упатени на нивна сметка.
Kaко изгледа парот што го разлути светот:
С. С. | Црнобело