Искрени приказни од луѓе кои се доказ дека Кијану Ривс е пред сè човек
- Детали
- четврток, 30 мај 2019
Кијану Ривс е еден од ретките во Холивуд кој ја покажува својата човечност и приземност, наместо да се фали со својата кариера и пари.
На сите ни се познати приказните за неговите донации, или пак, оние дека нема проблем да се вози во јавен превоз или да седне на клупа и набрзина да јаде или испие кафе.
За разлика од оние кои уживаат во своите пари, луксузните автомобили и скапите ручеци, Кијану е сосема нормален човек.
Тој никогаш не бега од своите фанови и секогаш наоѓа начин да ги направи среќни.
Следниве приказни и сведоштва од луѓе се доказ дека заслужува награда за човечност и љубезност:
1. „Кијану дојде во киното во кое работев во Сиднеј во 2001 година. Во тој период, тој го снимаше Matrix. Беше тивко и тој ден речиси никој не доаѓаше да гледа филм. Додека се досадував, овој дечко влегува во фармерки, кожена јакна и кацига за јавање коњ.
Ми требаа 30 секунди да ја изигнорирам кацигата и да сфатам дека е Кијану Ривс. Сакаше да купи билет за филм со Џони Деп, а јас како секој 16-годишник му кажав дека сакам да му го дадам попустот за вработени (тоа значи дека треба да потпише лист и така да добијам автограм).
Тој збунето ми одговори дека не е вработен тука за да добие попуст, а јас вознемирен му наплатив по редовна цена, а потоа се каев што не добив автограм. По 2 минути, некој тропна на мојата врата.
Беше Кијану и рече: ‘Претпоставив дека сакаш мој автограм, па го потпишав ова’ и ми даде фискална сметка потпишана одзади. Потоа фрли сладолед во корпа и отиде да го гледа филмот. Подоцна сфатив дека купил сладолед што не го сака, само за да земе сметка и да има каде да се потпише за 16-годишен идиот.“
In honor of John Wick 3 I have a Keanu Reeves story.
— James Dator (@James_Dator) May 17, 2019
2. „Го видов човеков како седи на ПП хидрант во Њујорк и изгледаше многу кул. Собрав храброст да му прозборам кога стануваше и беше најљубезен човек на планетата. Ми дозволи да направам 2 селфи фотки, бидејќи раката ми се тресеше првиот пат.“
https://twitter.com/chrisharihar/status/1129624196458450944
3. „Кратко откако излезе Bill & Ted, имав 8 години и го сретнав на аеродром.
Го прашав – Ти ли си Кијану Ривс?
– Да, јас сум.
Потоа разговараше со мене и брат ми 45 минути и ни даде телефонски број. Му ѕвоневме, но не го добивме.“
https://twitter.com/tonyflohr/status/1129595231412744192
4. Девојка која му е фан на Кијану не можела успешно да направи селфи првиот пат, па тој застанал за да направат уште една фотка.
5. По снимањето на сцена за John Wick 3 со многу деца актери, Кијану „заглавил“ со нив за да ги запознае и да направи фотка со сите деца.
6. „Отидов да го гледам John Wick 3 и овој дечко беше во публика исто така...“
7. Во 1990-та фанови незаконски влегле на имот на Кијану, а наместо да ги пријави во полиција, тој пиел пиво со нив и се дружел.
8. „На една моја пријателка ѝ се расипал автомобилот на автопат надвор од Лос Анџелес, немала телефон и немала како да повика помош. Кратко потоа, црно Porsche застанало и може да погодите, тоа бил Кијану.
Се обидел да ѝ помогне да го стартува автомобилот, но не успеал, па повикал помош. Кога од влечната служба го земале нејзиниот автомобил, тој ѝ понудил да ја однесе до дома и таа прифатила.
Тој возел околу 80km повеќе од неговата дестинација само за да ја однесе дома. Ја оставил дома, и ѝ дал број за да му се јави ако ѝ треба понатамошна помош.“
9. Освен што се вози во јавен превоз, тој е културен и им отстапува место за седење на жените.
Keanu Reeves gives his seat to a lady on the subway pic.twitter.com/w9OUb3280e
— 9GAG Tweets (@9GAGTweets) August 14, 2017
М. М. | Црнобело