Жена „вложила“ 30.000 долари во операции и корекции за да личи на Меган Маркл (фото)
- Детали
- петок, 17 мај 2019
Откако Меган Маркл влезе во британското кралско семејство, многу жени ширум светот ја гледаат како идол и пример како тие би сакале да изгледаат. Дури и ако тоа ги чини илјадници долари.
Тања Рикардо е жената која потрошила нешто над 30.000 долари за разни операции, зафати и корекции на нејзиното тело и лице, кои ќе направат повеќе да личи на Меган.
Вели дека имала ниска самодоверба поради тоа што на сметка на нејзиниот изглед се правеле многу шеги, па не била среќна кога ќе се погледнела во огледало.
По раѓањето на нејзиниот син Гевин, Тања се посветила на својата трансформација по која се надевала дека ќе личи на Меган Маркл.
Досега има направено липосукција на задникот, образите и брадата, зголемување на јаболкниците, корекција на градите, филери во усните и многу други слични зафати со инјекции.
Како изгледа денес?
М. Д. | Црнобело