Во италијанско гратче на Сицилија се продаваат куќи по 1 евро
- Детали
- сабота, 22 јуни 2019
Тесни улички, калдрма и живописни куќи што раскажуваат историја и сето тоа блиску до море... Звучи совршено, нели?
Во малото италијанско гратче Мусомели, кое се наоѓа на прекрасниот остров Сицилија, се продаваат напуштени куќи по цена од само 1 евро.
Звучи како добра зделка, зарем не? Но, секој што ќе купи куќа под овие услови должен е да ја реновира во рок од една година. Ако не тој ќе го изгуби сигурносниот депозит од 7.000 евра, кој треба да ѝ го остави на државата.
На тоа има и некои административни трошоци.
Малите гратчиња во Италија имаат проблем да ги задржат жителите затоа што тие заминуваат во големите урбани средини. Само во Мусомели има преку 100 напуштени домови за продажба.
Запознајте го ова магично италијанско гратче:
С. С. | Црнобело