Скромноста како главна одлика на поглаварот на Католичката црква - Папата Франциско носи Swatch

Титулата папа во минатото постојано се поврзувало со удобност и луксузно живеење. Но,  папата Франциско од неговото застанување на чело на Ватикан  успеа да ги разбие ваквите стереотипи. Па така споредено со неговиот претходник Бенедикт кој поради уживањето во луксузот го доби прекарот “Папата Прада”, кој за својот имиџ дури имаше ангажирано и приватно лице кое произведуваше парфеми по негов вкус, папата Франциско е целосна спротивност и скромноста е неговата главна одлика.

skromnosta-kako-glavna-odlika-na-poglavarot-na-katolickata-crkva-papata-francisko-nosi-swatch-01.jpg

Тоа што најмногу зборува за скромниот имиџ на Франциско е часовникот кој што го носи на неговата рака и истиот не припаѓа на некој од луксузните брендови туку е наједноставен часовник Swatch. Повеќе информации за цената и за моделот побаравме од „Божиновски часовници и накит“ кои се застапници на овој бренд на часовници.

skromnosta-kako-glavna-odlika-na-poglavarot-na-katolickata-crkva-papata-francisko-nosi-swatch-02.jpg

„Станува збор за часовник Swatch  Once Again (GB743), модел чија вредност е 3100 денари и е еден од најпопуларните модели од овој бренд. Интересно е да се напомене дека дури и во категоријата на Swatch часовници, ценовната рамка на овој модел е меѓу поефтините бидејки во понудата на овој бренд има и часовници од 12.000 денари па и нагоре“, ни објаснија од „Божиновски часовници и накит“.

skromnosta-kako-glavna-odlika-na-poglavarot-na-katolickata-crkva-papata-francisko-nosi-swatch-03.jpg

Од компанијата уште истакнаа дека “Светиот часовник“ како што на шега го нарекуваат, ќе биде изложен во нивните салони за време на посетата на Папата Франциско на нашата земја.

skromnosta-kako-glavna-odlika-na-poglavarot-na-katolickata-crkva-papata-francisko-nosi-swatch-04.jpg

Колку за споредба Папата Јован Павле втори на својата рака носеше часовник посебна серија Rolex Daytona 6241, вреден неколку десетици илјади евра.

skromnosta-kako-glavna-odlika-na-poglavarot-na-katolickata-crkva-papata-francisko-nosi-swatch-05.jpg

skromnosta-kako-glavna-odlika-na-poglavarot-na-katolickata-crkva-papata-francisko-nosi-swatch-06.jpg

skromnosta-kako-glavna-odlika-na-poglavarot-na-katolickata-crkva-papata-francisko-nosi-swatch-07.jpeg

skromnosta-kako-glavna-odlika-na-poglavarot-na-katolickata-crkva-papata-francisko-nosi-swatch-07.jpg

skromnosta-kako-glavna-odlika-na-poglavarot-na-katolickata-crkva-papata-francisko-nosi-swatch-08.jpg

Извор

Би можело да ве интересира:

„Ја советувам ќерка ми да се омажи богато - подобро да живее на висока нога, отколку да страда за па... „Ќерка ми си го троши времето на кретени со кои разговара онлајн и тие муабети н...
Бараше да му биде извршена евтаназија, но почина мирно во својот дом – Светот се простува од Ален Де... Неговите деца цела година водеа жестока битка за тоа како треба да се лекува акт...
Реклама за костим за капење го подели мислењето на жените: Маж носи женски модел (видео) „Иако моделот изгледа убаво, зарем овој модел не е за женски тела, со гради и сл...
„Имам 33 години и сè уште сум невина – Кои 10 особини мора да ги поседува некој маж за да ме освои?“ „Во минатото се срамев да им кажам на луѓето и лажев, па велев дека не сум невин...
Има хрватски корени и свој моден бренд: Што знаеме за убавицата која се омажи за принцот од Брунеи? Аниша Иса Калебиќ (29), се омажи за Абдул Матин (32), синот на најбогатиот султа...
„Ми ги отстранија двете гради поради рак - Гордо ги покажувам лузните за да им помогнам на другите ж... „Кога ми беше дијагностициран рак, се приклучив на Фејсбук група за млади жени с...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg