„Како се бакнувате?“ - Љубовта на жена висока 152 сантиметри и маж од 2 метри
- Детали
- четврток, 02 мај 2019
Овој уникатен пар се соочува дури и со прашања од типот каква е ситуацијата во спалната соба.
Софи Хајнс (28) е висока 152 сантиметри, а нејзиното момче Мајлс Лојд е високо 2 метри.
Тие имаат 6-месечен син, а Софи има едно дете и од претходната врска.
Софи јавно се пожали дека луѓето им наоѓаат замерки за големата разлика во висина и порача дека е најважно што тие двајца сметаат дека изгледаат одлично.
Инаку, парот вели дека постојано добива прашања од типот како се бакнуваат и каква е ситуацијата при секс.
Софи вели дека понекогаш коментарите ја загрижуваат и го прашува својот партнер дали би сакал таа да е повисока, но тој ѝ одговарал дека обожава што е ниска и дека токму тоа ги правело уникатен пар.
Прочитајте и 31 година разлика, 36 сантиметри повисока од него: Најчудните познати парови!
Фотки од Софи и Мајлс:
С. С. | Црнобело