Wi-Fi-то ги убива дрвјата
- Детали
- понеделник, 22 ноември 2010
Wi-Fi-то можно е да ги убива дрвата. Истражувањето направено на еден холандски универзитет наведува дека Wi-Fi зрачењето предизвикува...
...абнормални ефекти кај дрвата. Истражувањето започнало пред 5 години.
Забележано е дека 70% од дрвата во урбаните области покажуваат исти симптоми какви што покажувале само 10% од дрвата пред 5 години кога wi-fi (то) не било толку распространето.
Од PC World:
„Студијата изложила 20 дрвја на различни извори на јонизирачко зрачење, за период од три месеци. Дрвјата сместени најблиску до Wi-Fi демонстрирале поинаков сјај на лисјата што бил предизвикан од умирање на горниот и долниот дел на епидермисот на лисјата. Ова на крајот би резултирало во смрт на делови од лисјата. Студијата исто така покажала дека Wi-Fi зрачењето би можело да го инхибира растот на пченката.“
Но, кога медиумите ја објавија оваа приказна, холанското биро за заштита на околината се изјаснило дека ова се само иницијални резултати и дека нема основа да се заклучи дека WiFi радиозрачењето ги уништува дрвјата или другите растенија.